Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Кремаст колач без јајца и брашно – 10 минутна подготовка. брз и лесен колач кој се топи во уста. Многу едноставно се приготвува од само неколку состојки, а сепак има одличен вкус. Убаво се сече, па освен за секојдневно сладење, можете да го приготвувате и за ненадејни гости.
Потребни состојки: 150 г бисквити за тирамису (пишкоти) и 200 мл млеко за натопување. За крем: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на ванила (114 г), 5 супени лажици (или по вкус), 100 г бело чоколадо и 250 г маскарпоне или некое друго крем сирење. Се декорира со мелени кекси или лешници.
Постапка: веднаш на самиот почеток пригответе го плехот/калапот во кој ќе го правите колачот, па бидејќи тој не се пече, само обложете го проѕирна фолија, а уште подобро би било, кога би имале обрач кој можете да го ставите на некоја подлога. Неговите димензии треба да бидат приближно на 20х30 см.
Па започнете: секоја пишкота поединечно кратко потопете ја во млекото, па редере ги на дното од калапот или подлогата. Потребно е целото дно да се покрие со пишкоти, па за обрач со димензии 20х30 см ќе ви бидат потребни вкупно 16 пишкоти за овој ред.
За крем: Во едно тенџере ставете еден литар млеко, па додадете прашок од три кесички пудинг со вкус на ванила и пет супени лажици шеќер. Добро изматете со жица-маталка за да нема грутчиња од пудингот. Тенџерето ставете го на рингла и загревајте го на умерена температура.
Мешајте постојано додека го варите пудингот додека да започне да се згуснува, а потоа тргнете го одган и додадете 100 г бело чоколадо искршено на коцки. мешајте со жицата додека и тоа да се растопи и соедини со пудингот. Додека сè уште е топол кремот додадете и 250 г маскарпоне.
Мешајте добро неколку минути додека и крем сирењето да се инкорпорира во смесата и да се добие фин, мазен и нежен крем. Веднаш излејте го топлиот крем врз наредените пишкоти. Рамномерно распоредете го и измазнете ја површината.
Одозгора наросете мелени лешници/ореви или мелени бисквити, а може и чоколадо во прав или рендано чоколадо, по ваш вкус. Изладете го колачот во фрижидер најмалку 6 часа или преку цела ноќ (за побрзо ставете го во замрзнувач). Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ -Чоколадно лудило од 10 минути, без печење, а се ужива во секој залак
Рецепт и видео презентација на Бојана од Бокина кујна – Чоколадно лудило од колач, за 10 минути кој не се пече, а ќе уживате во секој залак. “Добар ден драги мои домаќини и домаќинки, денес ќе направам една фина чоколадна торта која не се пече.
За подготовка на подлогата на овој колач можете да користите било кој кекс/бисквити. За да го приготвите овој едноставен, а многу вкусен колач, ќе ви бидат потребни следните состојки: 300 г мелени кекси, 100 г мелени ореви или лешници, 1 лажица шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 60 г растопен путер или маргарин.
Ако кексот е сув, додадете уште 2-3 лажици чоколадно млеко. За фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 400 мл слатка павлака, 350 г чоколадо и околу 100 г чоко-снегулки. Постапка: Во еден подлабок сад ставете ги мелените бисквити (300 г), и мелените ореви (100 г).
Додадете една лажица шеќер во прав и една кесичка ванилин шеќер, па добро промешајте со лажица за да се изедначат состојките. Оваа мешавина прелијте ја со 60 г растопен и оладен путер или маргарин, па прелијте за да се поврзат убаво состојките.
Треба да добиете конзистенција на влажен песок, но смесата, сепак, треба да може да се обликува. Доколку сакате може да додадете три-пет лажици чоколадно млеко за да се збогати вкусот, особено доколку кексите се посуви. За оваа торта се користи калап со пречник од 24 см.
Калапот е потребно дното малку да му се премачка со путер или маргарин, а обрачот од калапот да се обложи со проѕирна фолија. Смесата рамномерно распоредете ја на дното од калапот и со лажицата (или со дното од некоја чаша) убаво притиснете за да се израмни и обликува првиот слој од тортата.
Кога убаво ќе ја израмните смесата од кекси, калапот тргнете го на страна (или ставете го во фрижидер), додека го приготвувате преливот од чоколадо. Загрејте на умерена температура 400 мл слатка павлака, но не смее да зоврее, туку само да се загрее доволно колку во неа да се растопи чоколадото.
Загреаната течна павлака прелијте ја врз искршеното чоколадо и промешајте додека тоа да се растопи и соедини со павлаката. Кога ќе добиете убава чоколадна, мазна и сјајна глазура, во неа додадете ги чоколадните снегулки и убаво промешајте за рамномерно да се натопат.
Вака приготвената чоколадна глазура прелијте ја врз подлогата од кекси. Израмнете и протресете. Вака приготвениот колач потребно е да отстои барем два часа во фрижидер за убаво да се стегне или за да го скратите времето, можете да го ставете во замрзнувач околу еден час.
Чоколадото мора да се стегне за да може да се извади од калапот и да се сече. Колачот навистина брзо се приготвува и релативно брзо може да се послужи. Сите детали околу постапката за приготвување на овој колач, можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.