Рецепт на Верица Николиќ. Ова е една од оние торти кои ќе сакате да си ја имате запишано во тефтер. Брзо и многу лесно се приготвува, а вкусна е и освежителна, исто како да јадете сладолед, па можете да ја приготвувате за секој ден, но и за специјални пригоди. Еве што ви е потребно:

крем торта со јагоди – Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл слатка павлака, 100 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 180 г кисела павлака (1 чаша), 300 г зрели јагоди, 210 г пишкоти
(долгнавести кекси) и малку млеко за натопување на кексите

крем торта со јагоди – Верица Николиќ




ПОСТАПКА: Обрачот од калап со величина 24 см обвиткајте го со проѕирна-стреч фолија, па ставете го врз тацна за торта (или некоја десертна чинија) и оставете го вака подготвен на страна.

крем торта со јагоди – Верица Николиќ




Јагодите измијте ги со млаз ладна вода, исцедете ги од вишокот вода, па исечкајте ги на ситни коцкички. Слатката павлака (ладна) излејте ја во некој подлабок сад за матење. Започнете со миксањето (со миксер) со постепено додавање на мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.




Матете додека да добиете помек шлаг (значи, немојте да матите премногу долго, бидејќи слатката павлака ќе стане премногу цврста и ќе започне путерот да се одвојува од неа. Штом се згусне како шлаг, прекинете го матењето).

крем торта со јагоди – Верица Николиќ




Во изматениот шлаг додајте ја киселата павлака, па матете уште некоја минута додека да се соединат во цврст шлаг. Во кремот додајте ги ситно исечканите јагоди, па продолжете со матење но, на најмала брзина, додека да се изедначи кремот.




Дополнително со шпатулата помешајте и добиениот крем одокативно поделете го на два еднакви делови. Половина од пишкотите само кратко провлечете ги низ топло млеко и наредете ги во еден ред, на дното од тацната/чинијата за торта.




На овој начин ќе ја формирате основата – кората на тортата. Преку пишкотите рамномерно распоредете половина од кремот и внимателно со лажица израмнете. Преку кремот наредете ја втортата половина пишкоти.

крем торта со јагоди – Верица Николиќ




Најпосле завршете со втората половина од кремот. Израмнете ја површината на тортата и оставете ја фрижидер да се лади преку цела ноќ. Следниот ден извадете ја од фрижидер и со тенок нож поминете помеѓу тортата и обрачот.




Внимателно отстранете го обрачот заедно со фолијата. Тортата декорирајте ја по желба, со шчаг, овошна глазура или сируп, со јагоди или струготини од бело чоколадо, па сечете ја и послужете ја. Рецепт на Верица Николиќ.