Рецепт на Верица Николиќ. „Ова е еден од оние колачи кој кога ќе го пробате, сигурно нема да се задржате на само едно парче. Ова ви го велам од искуство…“, вели Николиќ, а ние можеме да го потврдиме тоа, бидејќи го испробавме колачот и бевме воодушевени од вкусот. Еве што ви е потребно:

крем колач со ореви – Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за кора): 5 белки, 170 г шеќер, 1 прстофат сол, 160 г мелени ореви, 30 г брашно (или три полни супени лажици брашно). ЗА ФИЛ: 5 жолчки, 150 г шеќер, 30 г брашно, 500 мл млеко, 1 лажичка екстракт од ванила, 200 г несолен путер




ПОСТАПКА (за приготвување на кората): Дното на плехот со величина 40х30 см обложете го со хартија и оставете го настрана. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Од пет јајца во посебни садови одвојте ги белките и жолчките.

крем колач со ореви – Верица Николиќ




Белките ставете ги во некој подлабок сад, додајте прстофат сол и започнете да ги матите со миксер. Кога ќе станат пенасти, во текот на матењето на 2-3 пати додајте го шеќерот и продолжете со матењето сè додека тој да се растопи.

крем колач со ореви – Верица Николиќ




Белките треба да станат цврсти и да добијат сјај, а кога ќе го превртите садот да не паѓа снегот. Во посебен сад помешајте ги мелените ореви со брашното, па додајте ги во белките. Повеќе не ви е потребен миксерот, а смесата внимателно промешајте ја со лажица или шпатула. Внимавајте да остане воздушеста.




Оваа смеса со белки и ореви истресете ја во приготвениот плех и со шпатулата или надворешниот дел од лажицата рамномерно распоредете и израмнете преку целата површина на плехот. Ставете да се пече во загреаната рерна. Јас кората ја ечев половина час во рерна со вентилатор, односно треба да се пече додека кората сосем малку да зарумени.




Печената кора заедно со хартијата извадете ја на работна површина. Оставете да се олади, па отстранете ја хартијата и надолжно исечете ја на четири еднакви делови, а доколку краевите ви се препечени, тогаш од сите четири страни отсечете ги многу тенко.

крем колач со ореви – Верица Николиќ




ЗА ФИЛ: Од 500 мл млеко одвојте 100 мл, а остатокот ставете го на оган. Жолчките ставете ги во подлабок сад и изматете ги пенасто со миксер. Постепено додавајте го шеќерот и матете околу 8 минути додека да побелат и згуснат. Потоа додајте го брашното и соединете го со жолчките.




Додајте 100 мл млеко (одвоеното) и изматете добро во хомогена смеса внимавајќи да нема грутчиња. Смесата постепено додајте ја во провриеното млеко и варете на намалена температура со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг. Потоа тргнете го од оган и додајте арома од ванила. Промешајте, прекријте со фолија и оставете да се лади.




Путерот оставете го да омекне на собна температура, па кога филот ќе излади (исто на собна температура) соединете ги и пенасто изматете ги со миксер додека путерот да се инкорпорира во кремот. Филот оставете го 15 минути во фрижидер дополнително да се стегне. Потоа започнете со редење на тортата.




На соодветна десертна чинија ставете една кора и испрскајте ја со млеко (со мала лажичка). Одозгора распоредете три лажици фил и израмнете. Поклопете со втора кора и малку притиснете за да се залепи.

крем колач со ореви – Верица Николиќ

И неа испрскајте со млеко, па постапката повторете ја и со преостанатите две кори. Со остатокот од филот декорирајте ја тортата. Колачот оставете го во фрижидер да преноќи, па следниот ден сечете го и послужете го. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.