Крцкави пирошки со кремаст фил
Овие пирошки се совршен спој на крцкава обвивка и кремаст, богат фил што ќе ги воодушеви сите љубители на вкусна храна.
Идеални за семејни собири или како ужина, овој рецепт ќе стане омилен во вашиот дом. Подгответе ги со леснотија и уживајте во нивниот неодолив вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 80 г путер
– 100 г брашно
– 500 мл млеко
– сол по вкус
– мелен црн пипер по вкус
– ½ лажичка морско оревче
– 50 г кашкавал
– 100 г шунка, исечкана на мали коцки
– јајца за премачкување
– брашно за посипување
– лебни трошки (презла) за панирање
– растително масло за пржење
– НМД


Постапка
1. Во тенџере на средна температура растопете го путерот. Додајте го брашното и мешајте додека путерот целосно се впие во брашното, внимавајќи да не се создадат грутки.
2. Постепено додавајте го млекото во неколку делови, постојано мешајќи со жица за матење за да се избегне формирање грутки. Зачинете со сол, мелен црн пипер и морско оревче.
3. Гответе ја смесата 3 до 5 минути, додека да се згусне, мешајќи постојано.
4. Додајте ги кашкавалот и коцките шунка, па добро измешајте. Префрлете ја смесата во мал плех, покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја да се лади во фрижидер околу 30 минути.
5. Откако смесата ќе се стегне, исечете ја на 10 до 12 еднакви парчиња. Секое парче посипете го со брашно, потопете го во разматено јајце и на крај премачкајте го со лебни трошки.
6. Загрејте растително масло на умерена температура и пржете ги пирошките 3 до 4 минути или додека да добијат златнокафеава боја.
7. Откако ќе се испржат, ставете ги пирошките на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. Послужете ги топли.
Уживајте во овие вкусни пирошки со крцкава кора и кремаст фил! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












