Home закуска КРЦКАВИ ПИНЕРЛИИ СО КОРИ…Секој може да го направи овој едноставен рецепт за...

КРЦКАВИ ПИНЕРЛИИ СО КОРИ…Секој може да го направи овој едноставен рецепт за вкусни печива со сирење…

КРЦКАВИ ПИНЕРЛИИ СО КОРИ…Секој може да го направи овој едноставен рецепт за вкусни печива со сирење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 парчиња готови кори или 1 пакување обични кори 500 г

За прелив:
1 чаша (од 200 мл) брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 мало шише газирана вода (300-500 мл)
1 чаша масло (250 мл)
4 лажици јаболков оцет

За фил:
1 чаша полномасно ситно фета сирење
за премачкување и посипување:
жолчка, црн ким, сусам

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги сите наведени состојки за преливот и добро промешајте. Газираната вода додавајте ја постепено за да одредите колку ќе ви биде потребно.

Смесата треба да има густина како тестото за палачинки.

2.ПО 2 КОРИ ПРЕМАЧКАНИ СО ПРЕЛИВ, ПА ФИЛ: Без разлика на видот на корите кои ги имате, постапката е иста. Секоја од корите ја премачкувате со приготвениот фил, една врз друга.

Ги сечете на триаголници или правоаголници, како ви е полесно. На едниот (поширокиот) крај ставете фил по вкус, преклопете од страните за да не истекува при печењето и свиткајте како кифла или ролничка.

3.Печивата редете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчка од јајце. Посипете сусам и црн ким.

4.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.