Крцкави однадвор и нежни однатре….Овие тиквички се повкусни и од месо ако ги подготвите според овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 тиквичка
2 јајца
80 г кисела павлака
50 г брашно
50 г рендан кашкавал / пармезан
сол по вкус
ПОСТАПКА:
1.Тиквичката исечете ја на тенки ленти, најдобро на „мандолина“ ренде.
2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со павлаката и брашното, па додајте рендан кашкавал и изедначете.
3.Секоја тиквичка потопувајте ја во оваа смеса и спуштајте ја во широка тава со загреано масло.
4.Пржете ги тиквичките додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.