КРЦКАВИ ЌОФТЕНЦА ОД 4 КОМПИРИ…Сите соседи ќе ви бараат рецепт за ова вкусно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 (средно големи) компири
80 г лебни трошки (презла)
100 г рендан кашкавал/пармезан
2 јајца
1 китка свеж магдонос

ПОСТАПКА:

1.Измијте ги компирите и сварете ги сосе лушпа. Потоа излупете ги и испасирајте ги во пире.

2.Додајте ги лебните трошки, ренданиот кашкавал, ситно сечканиот магдонос, јајцата, посолете и запиперете по вкус.

3.Добро измешајте ги сите состојки за да се изедначат и соединат.

4.Црпете со лажица и со дланките обликувајте ги ќофтињата.

5.На умерена температура загрејте масло со длабочина од 1-2 см и пржете ги ќофтињата додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/obUx2U1ENjI?si=3LXy9KVdJDZrsUtQ