Крцкава пита со сирење од САМО 2 КОРИ…Ќе ви стане хит-омилена само што ќе ја извадите од рерна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 100 мл):
2 големи фило кори или 8-10 обични готови кори

За прелив:
1 чаша кисело млеко или цврст јогурт (к.павлака)
1/2 чаша млеко
2 јајца
1/2 мала чајна чаша масло (50 мл)

За фил:
ситно фета сирење/урда или по желба (околу 100 г)

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица изматете ги сите наведени состојки за преливот.

2.На работна површина поставете една голема фило кора, или 4-5 обични тенки кори, една до друга и малку да се преклопуваат на краевите за да добиете како еден чаршав.

А, може и една по една кора, да ги редите во тепсијата едно купче до друго.

3.Одозгора рамномерно распоредете ситно сирење, па со рацете малку по малку соберете ја кората од сите страни и така стуткана пренесете ја во тепсијата во која ќе се пече.

4.На ист начин подгответе ја и втората кора, подигнете ја со двете раце и поставете ја во тепсијата. Убаво распоредете низ целата тепсија.

5.Одозгора залијте ја питата со подготвениот прелив и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/GdM_i5dVMwE?si=qG9CHGQzoRx4_x_8