Home пита Крцкава пита со готови кори, одлична за брз појадок или меѓуоброк

Крцкава пита со готови кори, одлична за брз појадок или меѓуоброк

Крцкава пита со готови кори, одлична за брз појадок или меѓуоброк…Еве што ви е потребно според рецептот на Донка Николаева:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори (16-17 листови)
350 г ситно сирење
150 г путер
6 јајца
2 супени лажици кисело млеко
10 г прашок за печиво

За полевање: 150 мл млеко
За посипување: сусам или семе по желба

ПОСТАПКА:

Јајцата се матат, се додава киселото млеко помешано со прашокот за печиво и издробеното сирење. Се топи путерот и со него се мачкаат корите.

Во тавче со пречник од 24 см ставам две кори една по друга кои ги мачкам со путер, на секои две кори сипувам од филот и така додека да се потрошат корите и смесата.

Готовата пита ја сечкам на квадрати со остар нож и ја преливам со свежото млеко. Посипувам со сусам и печам во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени.

Највкусната пита со сирење и готови кори…Рецепт кој ќе си го чувам засекогаш…