Кожата на петите, особено во зимно време, станува тврда и сува а некогаш може на некои места да се појават и рагади, а најчестата причина за тоа се студот, но и слабата циркулација.




Кога постои слаба циркулација, најпериферните делови од стапалато не се снабдуваат со хранливи материи и кислород, па поради тоа кожата на овие места се суши и изу-мира.




Останати причини за груба и рапава кожа е неправилната хигиена, лошата исхрана и носење на неудобни обувки. Овој домашен „мевлем“ кој е направен од само две состојки може да ви помогне да го решите овој проблем.




Ќе ви биде потребна една лажица вазелин и неколку капки сок од лимон. Измешајте ги овие две состојки и мевлемот е подготвен за нанесување. Пред да го нанесете мевлем на петите, прво натопете ги во топла вода за да ја омекнете кожата.




Во водата добро е да ставите еден грст сода сода бикарбона и морска сол. Ако имате дома останато јод, ставете и неколку капки. Сето ова одлично делува за нега на кожата од стапалата.




Исто така, можете да го практикувате и следното: откога ќе си направите лимонада, не ги фрлајте исцедените кори од лимонот, туку секоја половина нанесете ја на секоја пета поединечно и прицврстете со некој стар чорап.




Вака треба да отстои најмалку половина час, а најдобро би било доколку преспиете со облогата. Откако ќе ја отстраните лимоновата кора, на чиста кожа нанесете малку вазелин или кокосово масло. Доколку овој третман го спроведувате неколкупати неделно, ќе забележите одлични резултати.




Сода бикарбона

Сода бикарбоната има многу поволни ефекти врз одржување чистота во домот до лекување на разни болести. Таа се користи како средство за чистење, отстранување на забен камен, па дури и за избелување на забите. Исто така, содата се покажала како одличен сојузник против габичните инфекции на ноктите.




Сода бикарбоната ја апсорбира влагата на нозете, што може да предизвика габа. Интересно е тоа што една студија покажа дека употребата на сода бикарбона спречува понатамошен развој на габи кај дури 79% од испитаниците кои ја користеле. За спречување и лекување на габична инфекција, сода бикарбоната може да ја користите на неколку начини.




Ставете сода бикарбона во чорапите или чевлите, и таа ќе извлекува влага во текот на целиот ден, направете бања со топла вода и сода бикарбона или само потопете ги нозете во леѓен со раствор од сода бикарбона и млака вода. Потопете ги стапалата или рацете најмалку 10 минути пред да ги исплакнете. Важно е да ја повторувате оваа постапка неколку пати на ден.




Јаболков оцет против габичните инфекции

Јаболковиот оцет сите го имаме во кујната. Иако не постојат клинички докази дека оцетот помага да се елиминира габата, многумина се задоволни од нејзиното дејство да се справи со досадната инфекција.




Можете да го нанесете директно на заразените нокти со употреба на мешавина од топла вода и оцет во сооднос од 2:1 во корист на водата. Важно е да ги натопите нозете во оваа бања двапати на ден. Нивото на pH во оцетот негативно влијае врз габите. Резултатите се видливи од една до две недели.

Оцетот е природен лек кој се користи и во регулирањето на кр-вниот притисок. Јаболковиот оцет може да се нанесува директно на погодените области или да облечете чорапа претходно натопена во јаболков оцет и да оставите да делува околу половина час.

Постапката повторувајте ја двапати на ден. Пред да спроведете било која од наведените природни третмани, треба претходно да ги измиете рацете или нозете со млака вода и сапун, а потоа да ги исушите со памучна крпа.

Маслиновиот лист како природен лек против габичните инфекции

Грип, туберкулоза, менингитис, херпес, се само некои од болестите при третман на кои народната медицина вклучува лисја од маслинки. Истражувањата покажуваат дека екстрактот од маслиновиот лист има подобар ефект врз организмот отколку антибиотиците. Може да нанесете неколку маслинови лисја на заразените нокти и да ги оставите да делуваат околу 30 минути, а потоа само да исплакнете со млака вода.

Може да подготвите и чај од маслинов лист за подобрување на имунитетот. Подготовка: Ставете 2 лажички суви маслинови лисја во 200 мл зовриена вода. Оставете го чајот да отстои 15 минути, а потоа процедете и пијте три чаши во текот на денот.

Кантарион

Кантарионот е високо препознаен и ценет како природен сојузник во борбата против грчевите, бубрежните заболувања, црниот дроб, мочниот меур, а исто така помага во лекување на депресија. Содржи есенцијални масла, танин, витамин Ц, има антибактериско и антифугално дејство. Мевлемот од ова масло со сигурност ги уништува габичните инфекции.

Потребни состојки: 1 лажица масло од кантарион, 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер во прав.

Постапка: Добро измешајте ги овие три состојки и нанесете ја смесата на погодениот прст, завиткајте во газа и оставете да делува преку ноќ. Повторете ја оваа постапка три вечери по ред.

Морска вода

Познати се лековитите својства на морската вода, кои имаат антисептичко дејство. Морската вода го активира метаболизмот на клетките, ја затегнува кожата и ги отстрануваат нечистотиите. Преработената морска вода е состојка во многу производи за нега на кожата и третман на дишните патишта.

Ако имате можност често да останете на море, тогаш морската вода ќе ви помогне во лекувањето на габичната инфекција на ноктите. За да подготвите морска вода во домашни услови, треба да истурите една чаша морска сол во еден литар вода. Потопете ги нозете или рацете во оваа бања околу 15 минути и потоа исплакнете ги со обична вода.