Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска
Потребни состојки:
3 јајца
1 1/2 шолја шеќер (од 250 мл)
1 шолја млеко
1 шолја масло
2 1/2 шољи брашно и
1 прашок за печиво
За прелив:
1 шолја млеко
10 лажици супени шеќер и
5 лажици супени какао.
(Преливот се става на оган само да се стопи убаво шеќерот и какаото)
Постапка:
Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи и да се добие пенаста смеса.
Потоа редоследно се додаваат другите состојки. Смесата се излева во намастен плех и се печи на 200 степени. Се пробува со чепкалка кога е готов.
Се остава да се излади, па потоа се сече на коцки. Секоја коцка прво се натопува во преливот од сите страни, а потоа се валка во кокосово брашно, исто така, од сите страни.
Коцки со кокос (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)