Ова кофеинско масло ја подобрува циркулацијата, го забрзува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Истовремено, на косата и дава сјај и цврстина.

Исто така, делува антиоксидативно, спречува стареење, ги осветлува и намалува дамките на кожата, ги пегла ситните брчки и ги отстранува подочниците, стриите и целулитот.

Потребни состојки:

200 мл бадемово масло (од аптека)
150 г мелено кафе (околу 10 супени лажици)
1 стаклена тегла
газа или памучна крпа

Постапка:

Во теглата ставете го го меленото кафе, прелијте го со бадемовото масло и добро промешајте за да се изедначи. Теглата затворете ја и оставете на топло или сончево место да отстои 14 дена.

Секој ден теглата протресувајте ја по неколку пати за да може да се активира кафето.

После две седмици процедете го кафето низ газа или памучна крпа, па лековитото масло може да се употребува.

ЗА КОСА

Еднаш седмично масирајте го темето со ова масло, претходно навлажнето со топла вода за да се отворат порите. Доволни се две до три лажици од маслото за целата глава. Оставете да делува половина час, па потоа исплакнете со топла вода и измијте ја косата со шампон.

ЗА НЕГА НА КОЖА

Навечер пред спиење на исчистено лице нанесете неколку капки од лековитото масло и измасирајте се со помош на јагодиците од прстите. Лицето треба да биде малку влажно кога ќе се нанесе маслото. Оставете го да делува преку целата ноќ.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: