Ќорава пита или „пита со изненадување“ е познато јадење од босанските крашита, а основни продукти се пилешко месо и тесто. Различни парчиња месо се виткаат како сарми во кора од тесто, а кога ќе се испече за залива со булјон за да добие сочност.

рецепт 1

Оваа пита е доста заситна, а секое парче е различно, па поради тоа го добила и специфичното име, зашто никогаш не знаеш што ќи ти се падне внатре, односно кој дел од пилешкото месо. Може да се приготвува и само од сечкано бело месо, или во додаток со печурки и друг зеленчук, со домашно тесто или со купечки кори…во повеќе варијанти. Еве две верзии од оваа позната пита:




РЕЦЕПТ 1 (на Анка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пиле, 3-4 главици кромид, 3 компири, масло, зачини по вкус. За тесто: 500 г меко брашно, 300 мл вода, 1 лажичка сол, 2 лажици масло. За прелив: 1-1.5 литар вода, 1.5 лажичка сол или по вкус, 100 г путер

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Валентина) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 батаци со карабатаци, 3 главици кромид, сол, сув зачин (вегета), црвена зачинска пиперка, црн пипер, масло. За тесто: 600 г брашно, 2 лажички сол, 300 мл вода, 150 г путер. За прелив: 1 литар вода, 2 коцки пилешка супа, малку сол, масло

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: најпрво се приготвува тестото од 500 г меко брашно, 1 лажица масло, 1 лажичка сол и 300 мл млака вода. Ако го месите машински со миксер доволни се 4-5 минути и уште 2-3 минути рачно домесете го на работна површина. Ова тесто не содржи квасец, па доколку го месите рачно, потребно е убаво да го изработите 8-10 минути за да добие еластичност.




Тестото оставете го покриено да одмори 10-15-тина минути, па потоа поделете го на два еднакви дела. Секој дел посебно премесете го и обликувајте топче. Топчињата тесто ставете ги во чинија и убаво намастете ги од сите страни. Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат половина час или додека го сработите пилешкото месо.




Пилешкото месо измијте го, исчистете го, избришете го, па исечете го на ситни парчиња. Колку се поситни парчињата, толку подобро ќе се испечат во питата. На страна ситно исечкајте кромид (стар или млад, каков имате). По желба (не мора) ситно исечкјате и 3 средно големи компири.




Измешајте ги кромидот и компирот, додајте ги исчистените парчиња месо, посолете, зачинете со сув зачин (вегета) и црн пипер во прав, па сето добро промешајте го, најдобро со раце за да се распоредат рамномерно сите зачини. Филот е готов и тргнете го настрана додека ги развлекувате корите.




Секое парче тесто развлечете го во голема кора, намастете ја со малку масло преку целата површина, преклопете ја на половина и покријте ја со крпа, па оставете ја да одмори 5-10 минути. Потоа развлечете ја врз чаршав колку можете потенко. Потоа оставете ја така малку да се просуши. Краевите од кората кои секогаш остануваат малку подебелки, откинете ги.




Кората исечете ја на поголеми правоаголници, преклопете ги на половина да добиете коцки, а во средината од секоја ставете парче месо заедно со филот од кромид и компир, па свиткајте како сарма. Рерната вклучете ја да се загрева на 250 степени, а спакуваните теста со месо наредете ги во намастен плех. Печете ја питата додека убаво да зарумени.




Додека се пече питата пригответе го преливот. Ставете ја водата да зоврие со сол и путер, па печената пита залијте со врелиот прелив. Вратете ја уште малку во рерна додека да го впие преливот. Потоа покријте ја со алу-фолија и оставете да се подизлади. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: замесете тесто од брашно, сол и вода. Додајте путер и добро изработете го тестото. Оставете го да отстои неколку часа во фрижидер. Потоа развијте ја во кора и филувајте. Карабатакот и батакот одвојте ги и исечете ги поситно.

Исечкајте го кромидот, додајте го месото и зачините, па промешајте. Кората развлечете ја, па исечете ја на поголеми коцки. Во секое поле ставете парче месо со фил, завиткајте и редете во намастен плех.

Печете ја питата половина час во загреана рерна на 200 степени, а потоа залијте ја со врела супа која сте ја добиле од вода и коцки за супа. Вратете ја во рерна и допечете ја уште 15 минути. Деталите од постапката за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот ОВДЕ.