Можете да пиете по една чаша чај од коприва секојдневно во текот на целата година – превентивно!
Копривата е една од најкорисните лековити билки. Сите делови од оваа билка, стебленцето, листовите, коренот, цветот и семето имаат лековити својства.
Се смета дека копривата е број 1 кога станува збор за прочистување и подобрување на квалитетот на крвта.
Позитивно делува врз панкреасот и помага да се намали нивото на шеќер во крвта. Лекува воспаленија на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата. Поради ова, копривата се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот.
Во природната медицина, чајот од коприва се користи за:
-болести на црниот дроб и жолчното ќесе,
-за пореметување со сонот,
-кај тумор на слезината,
-за грчеви во стомакот,
-чиреви,
-болести на белите дробови
Чајот се пие четири седмици. Немојте да го варите чајот! На тој начин се уништуваат драгоцените состојки.
Една рака сув лист од коприва прелијте со литар топла вода, поклопете и оставете неколку часа да кисне, најдобро преку цела ноќ. Следниот ден процедете и пијте ја течноста во текот на целиот ден. Копривата што ќе остане можете да ја изедете или да ја ставите во смути или во појадокот.
Чајот од коприва можете да го пиете во текот на целата година, превентивно.
Ако сте анемични и имате недостиг од железо во организмот, тогаш сигурно се чувствувате уморно и омалаксано. Во тој случај копривата може најдобро да ви помогне!
Копривата содржи доста железо и успешно се користи за лекување на анемијата. По одреден период, повторно ќе се чувствувате полни со енергија и здравје.
Семето од коприва се покажало ако исклучителен лековит дар од природата кој ја подобрува општата состојба на целиот организам.
Семето одлично го јакне имунолошкиот систем, а на прво место се истакнува неговата делотворност во третманот на анемијата и генерално подобрување на квалитетот на крвта.
Поволно делува на црниот дроб и ја подобрува работата на штитната жлезда. Оди одлично во комбинација со медот.