Кога пред некој ден го прочитав овој рецепт за компот од цреши во еден стар готвач за јадења со овошје, да бидам искрена, малку бев скептична, бидејќи се додава црно вино, ама кога го направив сите се воодушевивме од вкусот.




Црното вино во процесот на готвење испарува целосно, а останува само оној убав освежителен вкус и мирис, па згора на тоа кога ќе се додаде и ванила, сржта од мешунката и ликер (вишновка или по вкус), тогаш добивате вистинско овошно yживање.




Овој рецепт го препорачувам, па ако не сте го правеле досега, пробајте и на овој начин освен на класичниот со вода и шеќер. Ова е многу убав и здрав домашен компот без конзерванси и вештачки додатоци и вкусови. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг зрели, здрави, исчистени од семки, темни цреши, 350 мл црно вино (по можност домашно), 120 г ситен кристален шеќер, 2 мешунки од ванила (ако немате тогаш 2-3 кесички ванилин шеќер), 4 лажици вишновка или рум по вкус.




ПОСТАПКА: Црешите измијте ги, исушете ги од водата, па извадете ги им семките со специјално апаратче за да останат плодовите целосни. Во тенџере или подлабок сад ставете го црното вино и додајте го шеќерот.




Додајте ја и сржта од мешунките ванила, како и празните мешунки, па гответе и мешајте 6-8 минути. Додајте го црешите и продолжете со готвење околу 10 минути, односно додека на површината да започнат да се појавуваат мали ситни меурчиња. Но, внимавајте смесата да не ви се превари.




Тргнете го садот од оган, додајте вишновка/рум или ликер по вкус, а мешунките од ванила извадете ги. Остав ете да се олади, па складирајте во чисти тегли. Чувајте на ладно место. А, еве како се приготвува класичен компот од цреши:




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг цреши, 400 г шеќер, 1 литар вода, трошка конзерванс (кој сака), 4 тегли. ПОСТАПКА: Црешите исчистете ги. Во поголем сад ставете литар вода, додајте шеќер и варете додека да се растопи и растворот да почне да врие.




Во меѓувреме теглите загрејте ги во микробранова на 1 минута. Ставете една четвртина цреши во растворот (за една тегла) и почекајте повторно да зоврие еден клуч, па наполнете ја првата тегла и одозгора наросете трошка конзерванс (по желба). Постапката повторете ја додека да ги потрошите црешите.




Затворете ги добро со капак, па завиткајте ги во ќебе и оставете ги така да се ладат постепено до следниот ден. Следниот рецепт е најлесен и наједноставен, а воедно и најбрз. Потребни се само цреши, шеќер и вода. Црешите можете да ги исчистите од семки, но и не мора. Еве како се подготвува:




РЕЦЕПТ 3: Црешите измиени и исчистени (или со семки) наполнете ги во чисти тегли. Во секоја тегла ставете по две лажици шеќер, па налејте ладна вода 1-2 см под капакот. Затворете со капак, па теглите наредете ги во широко тенџере на чие дно сте ставиле крпа. Залијте со ладна вода некаде до капакот или на ниво 2/3, па ставете да зоврие на умерена температура. Од моментот на зовривање гответе уште 10 минути. / Сооlinarika.соm