Компотот од сливи почнав да го правам повеќе како лек отколку како десерт, зошто секогаш кога имам проблем со цревата, ќе си отворам една тегла и проблемот е решен.

Потребни состојки:

-сливи

-вода 250 мл по тегла

-шеќер 5 лажици по тегла

Постапка:

Сливите кои треба да бидат цврсти, измијте ги и избоцкајте ги со стерилизирана игра на 5-6 места за да не испукаат додека се пастеризираат.

Наредете ги сливите во чисти тегли.

На една тегла од 700 мл се става 250 мл вода и 5 лажици шеќер. Во зависност од бројот на теглите, пресметајте колку вода и шеќер ќе ви биде потребно.

Сварете го сирупот, па малку изладете го.

Полнете ги теглите со сирупот и веднаш затворајте ги.

Во голема шерпа ставете на дното крпа, па наредете ги теглите (не треба да се допираат!). налејте вода со ¾ во висина на теглите и варете ги околу 15 минути. Топлите тегли завиткајте ги во ќебе и оставете ги да изладат 12 часа. Потоа се готови.