Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Компот од дуња со мед
Дуњите се многу здрави и се препорачуваат при воспаление на цревна и желудечна слузокожа и зајакнување на имунитетот. Одамна е позната како симбол на среќа, љубов, плодност, убавина и вечност.
Потребни состојки:
2 кг дуњи (4 крупни дуњи)
10 г лимонтус + 2 литри ладна вода
8 супени лажици мед (во секоја тегла по 2 лажици)
1 литар вода
Постапка:
Во 2 литри ладна вода ставете 10 г лумонтус (една кесичка) и промешајте за да се растопи. Дуњите измијте ги и исцедете ги, а потоа пресечете ги на четвртинки, излупете ги и отстранете им ги семките, истинете ги на коцки и ставете ги во растворот со лимонтус за да не потемнат.
Во овој раствор со лимонска киселина оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа со решеткаста лажица вадете ги дуњите и полнете ги теглите. Во секоја тегла ставете по две супени лажици течен мед и дополнете со ладна вода.
За сите 4 тегли ќе ви потребно околу еден литар вода. Затворете ги со метални капаци и пастеризирајте ги: во тенџере со вода варете ги по 10-тина минути од двете страни. Оставете ги превртени врз капаците додека да се оладат целосно.
После три дена се готови и може да се консумираат. За зима се чуваат на ладно, суво и темно место. Рокот на траење е околу една година. Деталите може да ги погледнете во видеото: