Компирот веќе не го пржам…Ова е највкусното јадење што сум го направила досега…СОЛЕН РОЛАТ…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г + 40 г рендан кашкавал/моцарела
3 компири
сол, црн и црвен пипер, масло
1/2 лажичка суво оригано
500 г мелено месо
1 главица кромид
1 пиперка 200 г
60 мл доматен сок
1 јајце
ПОСТАПКА:
1.Големиот плех обложете го со хартија за печење и преку цела површина распоредете рендан кашкавал. Преку него скалесто наредете ги компирите исечени на многу тенки ленти (на „мандолина“, како за чипс).
2.Одозгора посипете масло и посолете, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
3.На малку масло запржете го меленото месо додека тоа да ја промени бојата, па додајте ги ситно сечканиот кромид и пиперка (половина црвена и половина жолта). Додајте зачини и динстајте 10 минути додека сето да омекне.
4.Додајте ситно сечкан магдонос (1/2 китка) и доматен сок, па мешајте додека да се поврзат сите состојки. Оставете настрана и додајте едно јајце, па енергично мешајте за да се инкорпорира.
5.Смесата сипете ја врз компирите во плехот и распоредете рамномерно (оставете празно по 2 см од краевите).
6.Одозгора посипете малку рендан кашкавал, па со подигање на хартијата внимателно свиткајте ролат.
7.Врз ролатот посипете рендан кашкавал и печете го 10 минути во загреана рерна на 180 степени и 3-5 минути на вентилатор. Декорирајте со ситно сечкан млад кромид и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.