Потребни состојки:
500 г компир
1 главица црвен кромид
5 супени лажици брашно
200 мл млеко
50 мл масло
2 јајца
2 мали лажички сол или по вкус
1 лажичка црн пипер
Постапка:
Компирот излупете го и исечкајте го на коцки. Кромидот излупете го и исечкајте го поситно.
Додадете ги сите останати состојки и добро промешајте.
Смесата излејте ја во намастена тепсија 20х40 см.
Печете 20 минути на 250 степени.
Оставете малку да излади, па потоа сечете ја на коцки.