КОМПИР И ПИЛЕШКО МЕСО…Направете го ова вкусно јадење кое сите го обожаваат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 компири (рендани)
3 јајца
2 црвени пиперки (ситно сечкани)
1 главица кромид (ситно сечкана на тенки ленти)
1 китка свеж магдонос (ситно сечкан)
2 лажици брашно (сенаменско) 40 г
1 лажичка сол 8 г
1/2 лажичка мелен црн пипер

За фил:
1 главица кромид
2-3 лажици масло 20 мл
200 г бело пилешко месо (исечено на мали коцкички)
3 црвени пиперки
2 зелени пиперки
2 чешниња лук
1 лажичка сол 8 г
1/2 лажичка црн пипер
1/2 лажичка кумин
20 г рендан кашкавал / чедар

За посипување одозгора:
100 г рендан кашкавал / чедар
магдонос

ПОСТАПКА:

1.Излупените компири изрендајте ги, исплакнете ги со ладна вода и добро истискајте ги. Ставете ги во подлабок сад и додајте ги јајцата, пиперките, кромидот, магдоносот, брашното и зачините. Убаво промешајте за да се изедначи смесата.

2.Големиот плех од рерна обложете го со хартија за печење, малку намастете ја одозгора, па сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути.

3.За фил: ситно сечканиот кромид издинстајте го на малку масло во широка тава. Додајте го месото исечкано на коцки и динстајте 6-7 минути со повремено промешување.

4.Кога месото ќе ја промени бојата и ќе зарумени, додајте ги ситно сечканите пиперки и лукче. Зачинете по вкус и додајте една рака рендан кашкавал. Промешајте и кога кашкавалот ќе се растопи тргнете од оган.

5.Печената кора исечете ја на 3 еднакви широки ленти, а потоа пресечете ги на половина за да добиете 6 парчиња.

6.На едниот крај од секое парче ставете фил (1/6), па свиткајте во ролат. Ролатите редете ги во плех обложен со хартија за печење.

7.Одозгора посипете ги со рендан кашкавал и магдонос, па вратете ги топлата рерна и печете ги уште 15 минути на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.