Гурабиите се омилени слатки кои може да се прават во посна или мрсна варијанта. Во секој случај, какви и да ги направите, за кратко време, чинијата ќе остане празна. Никој не останува рамнодушен на нив, а во продолжение може да ги прочитате најдобрите три рецепти за гурабии:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 јајце, 250 г путер/ маргарин, 200 г шеќер во прав, 1 полна лажица густин (или пченкарен скроб), 60 мл масло, 2 ванилин шеќер, рендана кора од лимон, ½ прашок за печиво (или 1 лажичка сода бикарбона), 4,5 чаши брашно (чаша од 250 мл).




ЗА ПОЛНЕЊЕ: 200 г ореви (или половина лешници и половина кикирики, мелени), 150 г суво грозје (или по желба, било кое друго суво овошје), 1 лажица шеќер. Гурабиите се прават во калап од цедалка за лимон (во вдлабнатината).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, 2 филџани (од кафе) шеќер, 2 филџани масло, 2 лажици домашен кајмак, 2 лажици џем (некој поредок, како од јаболко), 1 жилџан сечкани ореви, ½ прашок за печиво и 11 филџани брашно +-.




Тетовски гурабии – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ). Фото и рецепт: Елена Мишковска: 2 изматени јајца, 1 чаша од 200 мл шеќер, 1 чаша јогурт, ½ чаша масло, 1 прашок за печиво, 1 рамна лажица сода бикарбона, 700 г брашно +-, 200 г суво грозје.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Сувото грозје потопете го во малку вода со рум или само во вода. Рерната загрејте ја на 180 степени. Путерот омекнат на собна температура испасирајте го со виљушка, па додајте јајце, масло и добро измешајте за да се соедини. Потоа додајте шеќер, ванилин шеќер, кора од лимон, брашно и прашок за печиво, па убаво со рака замесете за да добиете убаво, мазно тесто кое се одвојува од садот, меко, но да не се лепи на раце.




Топката тесто завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете да одмори околу 10-тина минути во фрижидер. ЗА ПОЛНЕЊЕ: мелените јаткасти плодови, заедно со процеденото суво овошје, шеќер и малку мускантно оревче (ако сакате) треба да се измеша.




Калапот обложете го со проѕирна фолија. Со рака кинете од тестото, обликувајте топче и ставете го во калапот. Притиснете со прстите за да се залепи за ѕидовите и убаво да се исполни. Потоа ставете од полнењето и затворете го тестото. Превртете и извадете ја гурабијата.




Можете да правите и празни гурабии, но вака полнети се многу поубави. Вака приготвените гурабии наредете ги на плех обложен со хартија. Се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-30 минути.




ПОСТАПКА: Се замесува тестото, се прават гурабиите и се печат на 180 степени околу 10 минути. Прво рерната добро се загрева на максимум, а кога ќе се стават на печење се намалува на 180.

ЗА ШЕРБЕТОТ: 8 филџани шеќер, 10 филџани вода и 3 лажици џем се ставаат да зовријат, па се намалува на умерено и се вари 15 минути. Се трга настрана да излади. Врелите гурабии се полеваат со ладен сируп, се покрива тепсијата со некоја друга, поголема, па се остава така да изладат и да го впијат сирупот.

ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Се замесува тесто од 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша јогурт, ½ чаша масло, 1 печиво, 1 рамна лажица сода бикарбона и околу 700 г брашно. Тестото не е многу меко. Откако убаво ќе се изедначи, се додаваат 200 г суво грозје, па повторно се меси.

Се кинат топчиња како помало јајце, малку се плескаат и се редат во намастена тепсија. Се печат на 200 степени околу 20 минути. По желба се премачкуваат со претходно направен густ шербет и се враќаат уште 2-3 минути во рерна.