Воодушевена сум од овие ситни колачиња, по рецептот на тетка Милица. Оставете ги настрана класичните колачи, кои се прават постојано и малку поиграјте си со тестото, па наполнете ги колачињата со вашите омилени филови. Мирисаат до кај соседите, додека се печат и при секој залак се топат во уста.




Кога го добив рецептот од тетка Милица, веднаш ги направив во првата пригода, кога имав гости. Пријателките тогаш ми рекоа да си го задржам рецептот за мене, големите тајни на нас помалите кујнски мајстори, но нема да ги послушам бидејќи овие колачиња се навистина предобри и заслужуваат сите да ги пробаат. Еве што ви е потребно за да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г остро брашно, 300 г меко брашно, 250 г омекнат маргарин/путер, 200 г цврста, бела свинска маст, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 2 лажици мед, 2 капачиња ракија, 2 лажици бел оцет 9%, 7 лажици ладна вода.




ПОСТАПКА: Од наведените состојки замесете меко тесто (и не плашете се од мирисот на оцетот и ракија, ќе испари кога ќе се испечат колачињата). Значи, во еден подлабок сад, измешајте ги двете брашна, додајте го омекнатиот маргарин, свинската маст, ванилиниот шеќер и медот.




Нежно мешајте ги состојките додека малку да се соединат, па потоа додајте го белиот оцет, ракијата и ладната вода. Соединете ги состојките додека да се формира компактно тесто. Ставете го тестото во фрижидер неколку часа или ако ви се брза половина час во замрзнувач. Дотогаш подгответе ги филовите:




ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 100 г мелено семе од афион, 50 г мелен бисквит, 4-5 лажици шеќер, 2 лажици мелен рогач, 2 лажици џем (на пр. од круша), 2 лажици мед, 200 мл врело млеко. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 400 г џем по избор, 50 г сечкани ореви/лешници, 50 г мелен бисквит, 1 лажица мед.




ЗА ПРВИОТ ФИЛ: Измешајте семе од афион со шеќер, рогач и бисквити. Сварете млеко со мед, промешајте го џемот и прелијте ја сувата мешавина. Ставете го филот малку во фрижидер да се стегне. За вториот фил, соединете го џемот со мед, измешајте ги бисквитите и оревите.




На набрашнета површина развлечете тенко тесто (моето беше екстра тенко, некаде околу 2-3 мм) и извадете тркалезни форми – за тестото за чашките од афион користев секач за колачиња со дијаметар од 7,5 см и за чашите за џем со секач со дијаметар од 6 см. Но, тоа е произволно.




Земете четка и истурете малку ладна вода во мал сад. Со навлажнета четка премачкајте ги рабовите на тестото, наполнете со филот (лажичка за секое тесто), преклопете и лесно притиснете ги рабовите со прстите. Тестото веднаш ќе се залепи.




Ми снема фил за последните 6 мали теста (причините се секако познати, ставав многу), па помешав кокос и мед со млеко и со тоа ги наполнив последните парчиња.
Колачињата се печат на 180 степени, во претходно загреана рерна петнаесетина минути, се валаат додека се топли во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Послужување: Секако, го искористив мојот домашен џем од круши со вкус на цимет, ѓумбир, каранфилче и рум. Со овој рецепт добивате многу колачиња… Послужете ги со млеко, кафе, чај. / Сoolinarka.сom