Утре, на Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“.




На овој ден не се pacправајте, бидете чисти во дyшата и yмот, работете лесно и безгрижно и сè што правите, направете го со љубов. Нека добрината од вас излезе и нека го облее целиот дом. Направете си го овој едноставен и миризлив колач:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 банани, 400 мл млеко, 100 г шеќер и топла вода по потреба. Базичните состојки за рецептот може лесно да ги запомните бидејќи сите одат по 4, освен шеќерот кој се додава помалку, 100 грама.




ПОСТАПКА: Во еден сад скршете 4 јајца и изматете ги со жица или маталка сосем малку колку да се соединат белките и жолчките. Потоа излупете ги бананите и исечкајте ги на ситни кругови и ставете ги во блендер заедно со малку разматените јајца.




Добро изблендирајте, почнувајќи од најмала кон најголема брзина додека целосно да се формира течна и еднолична смеса без грутки. Во оваа смеса прелијте го млекото и продолжете со блендирање до потребната течна конзистентност.




Во едно тавче на ниска температура ставете го шеќерот и со шпатула повремено мешајте додека да се растопи и карамелизира. Кога ќе стане течен и ќе ја промени својата боја во кафеава, тргнете од шпорет и течниот шеќер прелијте во едно повисоко тенџере.




Добро распоредете го низ целата површина на дното, а одозгора прелијте ја смесата со јајца, млеко и банани. Тенџерето се става на пареа врз друго тенџере кое претходно сте го наполниле со вода и сте ја зовриле.




Покријте со соодветниот капак и оставете да се готви 45-50 минути без да го вадите капакот. По изминатото време, тргнете го тенџерето од тоа што ви е на пареа и врз него поставете чинија.




Потоа внимателно префрлете го на чинијата и оставете малку да се излади пред да послужите со сечење на парчиња. Многу вкусно и брзо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.