Се топи во уста!

Потребни состојки:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 лажици мелени ореви
1 прашок за печиво

Прелив:

300 г шеќер
500 мл вода

Фил:

3 пудинг од ванила
1 литар млеко
250 г путер/маргарин

За декорација:

2 шлаг крем од ванила

Постапка:

Од наведените состојки направете ја кората: прво изматете ги белките, додадете шеќер, матете уште малку, па потоа додадете жолчки и продолжете со матење.

Кога сето е добро изматено, додадете брашно измешано со прашок за печиво и ореви. Мешајте со лажица. Испечете кора.

Печената кора натопете ја со претходно приготвениот и изладен прелив.

Во меѓувреме сварете го пудингот според упатството, па во изладениот пудинг додадете пенесто изматен путер. Филот ставете го врз изладениот колач.

Одозгора декорирајте со шлаг или со мелени ореви.

recepti.com