Постапката за приготвување е лесна и едноставна, па така, нема да потрошите многу време во кујната, а сепак ќе добиете колач кој „плива“ во чоколадо. Покрај тоа не треба да чекате колачот да се излади, многу е убав кога е топол, се чувствува најмногу сочноста, а чоколадото се разлева низ целата ycта како слатка фантазија. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 1 чаша мелени лешници, ореви…, 1 чаша кисела павлака, 1/2 чаша какао, 1/2 чаша масло, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 4 јајца. Како мерка се користи чаша од 200 мл.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 јајца, 1 чаша кисела павлака, 1 чаша шеќер во прав, 1/2 чаша масло, 1 чаша готово какао (за пиење), 1 чаша брашно, 1 чаша мелени бадеми, 1 кесичка прашок за печиво, 125 г мармалад од кајсии или по ваш вкус, 200 г чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад скршете ги јајцата кои е потребно да бидат на собна температура и малку изматете ги со миксер. Кога ќе станат пенасти, постепено започнете да додавате 1 чаша шеќер, додека непрекинато матите со миксерот. Мешајте додека шеќерот да се растопи.
Потоа, се додава павлаката, па маслото, повторно се соединува, па на крај се додаваат просеаното брашно, какаото, прашокот за печиво и ванилата. Најдобро е состојките да се соединат со шпатула за смесата да не го изгуби својот волумен. Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.
Колачот излејте го во плех со хартија за печење, израмнете, па кога рерната ќе се загрее, ставете да се пече околу 45 минути. По изминатото време, проверете дали е печен со чепкалка. Оставете малку да се подизлади, за да не биде врел од рерна, па декорирајте со чоколадна глазура или наросете го со шеќер во прав.
Доколку се одлучите да го прелиете со чоколадо, растопете околу 120 г темно чоколадо со 2-3 лажици масло на пареа и прелијте врз колачот. Претходно може колачот да го избоцкате со чепкалка за да поприми од глазурата и да биде уште посочен. Исечете го на коцки.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата се матат пенасто со шеќерот во прав и павлаката, па се додаваат какаото и маслото и се матат уште малку до соединување. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и бадемите, додајте во смесата додека константно мешате. Смесата треба да добие густа конзистентност, погуста од онаа за палачинки.
Вака подготвеното тесто истурете го во намрсена и набрашнета тава и печете во загреана рерна на 190 степени, приближно 30 минути или во зависност од јачината на рерната. Колачот може да се пече во кружна или квадратна/правоаголна тава.
Изладениот колач премачкајте го со малку загреан мармалад (може во микробранова печка или на пареа) и одозгора глазирајте го со растопено чоколадо. Јас додавам една лажица мед и една лажица крем за конзистентност. Изладениот колач по желба украсете го со мелени бадеми или чоколадни трошки или рендано чоколадо.
Коментар за вториот рецепт: „Драга Диди, колачот е одличен, сакам брза подготовка, го правев неколкупати, некогаш во облик на коцка, некогаш како оваа во тркалезен калап. Користам киселкаст мармалад од фрижидер. Сите го сакаат овој колач.“ / Сoolinarka.сom