Кога ми се јаде нешто благо, а тоа да не е чоколадо, тогаш го матам овој брз колач, при што не валкам ниту садови, зашто доволен е само еден подлабок сад, па сè е готово за само 15 минути, плус печење.




Обично го правам во хартиени калапи за мафини, зашто така не морам да го валкам ниту калапот, но секако, смесата е многу убава и може целата да се излее во тепсија или некој плех со средна големина и да се испече како колач или торта. потоа сечете на коцки или како вам ви е желба и послужете како што е или одозгора наросете шеќер во прав.

Рецепт и фото: Мира Брус




Мене и на домашните не ни се потребни никакви додатоци, многу ни е вкусен каков што е, само врз секој мафин пред печењето наросувам сечкани ореви, бадеми или лкешници (или она што имам дома, а може и сечкано суво овошје). Рецепт на Мира Брус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење користев чаша од 180 мл, оние пластичните, јогуртни): 2 цели јајца (покрупни или со средна големина), 1 чаша шеќер (јас ставам 3/4 за да не е преслатко), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 чаша масло (јас ставам 3/4), 1 чаша млеко, 1 чаша џем (по избор, а овојпат ставив џем од јаболка и круши), 1 мала лажичка цимет во прав, 1 чаша брашно, 1 чаша гриз, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)




ПОСТАПКА: Според наведениот редослед како што се набројани состојките сипувајте ги во садот и матете со миксерот. Значи најпрво изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат, па една по една полека додавајте ги наведените состојки и непрекинато матите.

Рецепт и фото: Мира Брус




Во тенок млаз додајте го маслото, потоа млекото, па џемот (ако џемот ви е преостанато во теглата, едноставно сипете го внатре млекото и убаво измешајте за да се раствори сиот џем, па заедно додајте ги во смесата. Потоа намалете ја брзината на миксерот и додајте ги сувите состојки (брашно, гриз, прашок за печиво и цимет), па изедначете.




Смесата може да се пече и во плех, но јас сакам вака да ја полнам во хартиени корпички за мафини. Овојпат одозгора сипав крупно сечкани ореви, но откако ќе ги испечете можете и само шеќер во прав, или да ги премачкате со малку џем и да ги наросите со мелени ореви, или пак, чоколадна глазура, шлаг..

Рецепт и фото: Мира Брус




Мафините ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени шриближно 30-40 минути или печењето прилагодете го според вашата рерна. Од оваа количина добивам 15 мафини, а ако за мерка користите чаша од 250 или 300 мл, ќе добиете поголема количина. Рецепт на Мира Брус.