Ова е еден од најлесните начини да направите колач со чоколадо, банани и пишкоти. Сите сакаме да јадеме вкусни колачи и торти, а со доаѓањето на летото и тополото време, најмногу ни одговараат лесни десерти за кои не треба да се вклучува рерната.
За некој тоа е сладоледот, зашто најмногу освежува кога надворешните тенператури се многу високи. Колачот со банани, чоколадо и бисквити ќе ве освежи на ист начин, зашто не е тежок, а комбинацијата од состојки навистина е добитна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 1.5 литар млеко, 100 г скроб/нишесте/густин, 180 г шеќер во прав, 50 г растопен путер или маргарин, 220 г чоколадо, 400 г банани (3 банани), 5 јајца. И уште: 300 г пишкоти, 200 мл млеко за натопување, 50 г млечно чоколадо
ПОСТАПКА: пишкотите кратко потопувајте ги во млеко на собна температура и редете ги една до друга во калап со димензии 20х20 см (или приближно). За првиот ред ќе ви бидат потребни 16 пишкоти наредени во два реда по 8.
Бананите излупете ги и исечете ги на тркалца со приближно еднаква дебелина. Наредете ги бананите збиено врз пишкотите, едно до друго тркалце. Во подлабок сад скршете 5 јајца и изматете го со кујнска жица-маталка.
Во друг сад измешајте ги скробот и шеќерот во прав, па додајте ги во изматените јајца. Мешајте додека состојките да се соединат, па додајте 50 г растопен путер. Продолжете со мешање уште кратко додека путерот да се апсорбира.
Целата содржина сипете ја во 1.5 литар млеко и промешајте. тенџерето ставете го да се загрева на средно умерена температура и непрекинато мешајте додека да свари и згусне. Потоа тргнете го настрана и додека сè уште е врело, додајте 220 г темно чоколадо искршено на коцки.
Мешајте додека да се растопи и изедначи. Половина од топлиот крем излејте го врз бананите и пишкотите. Распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора наредете уште еден слој пишкоти, исто така кратко натопувани во млеко. Врз нив наредете тркалца банани и залијте ја втората половина од кремот.
Израмнете и оставете го колачот еден час во фрижидер да се олади и стегне. Потоа внимателно отстранете го флексибилниот обрач а одозгора изрендајте 50 г млечно чоколадо или декорирајте по желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.