Рецепт и видео прилог на: Cucina Facile Tashev
Лесен и брз колач за чие приготвување ви е потребен само миксер и еден сад. Ќе се воодушевите од вкусот.
Потребни состојки:
400 г јагоди
2 раце боровинки
2 јајца
1 прашок за печиво
100 мл млеко
200 г брашно
70 мл масло
60 г шеќер
20 мл сок од лимон
шеќер во прав за наросување
Постапка:
Во подлабок сад пенасто изматете две јајца, па додадете една кесичка прашок за печиво и 100 мл млеко. Постепено започнете да додавате 200 г брашно, лажица по лажица, додека непрестано матите со миксерот, а некаде на средината од матењето додадете и 70 мл масло и 60 г шеќер.
Пред крајот кога ќе го додадете целото брашно, а смесата ќе биде згусната и изедначена, додадете 20 мл исцеден сок од лимон. На крај смесата е полутечна и со нежна и мазна текстура.
Јагодите измијте ги, исцедете ги исчистете ги од петелките. Распоредете ги на дното од тркалезен калап за торти, претходно обложен со хартија, а потоа смесата рамномерно распоредете ја врз нив.
Помеѓу јагодите нафрлете и околу две раце боровинки. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 50 минути. Печениот колач оставете малку да излади, извадете го од калапот и наросете го со шеќер во прав. Деталите од постапката може да ги погледнете на видеото: