Супер, брз и едноставен колач. Готов за 10-тина минути. За љубителите на чоколадо – одличен избор!

Потребни состојки:

800 мл вода
200 г шеќер
250 г маргарин или путер
200 г чоколадо за готвење
600 г биксвити

прелив:

500 мл слатка павлака
200 г чоколадо за готвење
малку рум по вкус (не мора)

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие заедно со шеќерот. Варете неколку минути додека шеќерот да се растопи.

Во врелиот сируп додадете го чоколадото искршено на коцки и путерот исечен на ленти. Промешајте додека да се растопат и соединат.

Во топлиот крем полека додадете ги бисквитите, претходно крупно искршени. Може да користите било какви бисквити по ваш избор.

Целата смеса излејте ја во калап обложен со проѕирна фолија, па кога ќе излади на собна температура, ставете го колачот во фрижидер или длабоко замрзнување убаво да се излади и стегне.

За прелив: загрејте ги чоколадото и слатката павлака на многу тивок оган додека да се соединат (да не зоврие) па прелијте преку колачот и оставете да се стегне. Потоа сечете на коцки.

Coolinarika.com