Полн и освежувачки вкус, едноставна подготовка, ќе ви стане омилен колач…
Се користи шолја од 200 мл

Потребни состојки:

1 шолја брашно
1 шолја шеќер
1 шолја пченичен гриз
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер

За фил:

500 г свежо сирење
1 јајце
1 лимон (рендана кора)
1 ванилин шеќер
200 г кисела павлака
4 лажици шеќер или по вкус

За фил со вишни:

500 г свежи вишни (може и од компот), а може и цреши
3 лажици путер
3 лажици презла (лебни трошки)
3 лажици шеќер
½ лимон – сок
Малку цимет

За прелив:

2 јајца
250 мл млеко
250 мл слатка павлака (не се микса)
2 лажици шеќер

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Тепсија бе.30 намастете ја со масло. Јас печев во бр.28 но состојките ми беа речиси до врвот, па едвај го ставив целиот прелив.

Сувите состојки измешајте ги заедно и поделете ги во три дела во три посебни садови (лончиња). Во втор длабок сад измешајте ги состојките со сирењето. Во тава растопете го путерот и додадете ја презлата, па пржете неколку минути.

Тргнете на страна да излади, па додадете ги вишните, сокот од лимон, шеќер и цимет. Измешајте.
Во третиот длабок сад пригответе го преливот од јајца, млеко, слатка павлака, млеко и шеќер.

Врз тепсијата прво истурете го едното лонче со сува смеса, одозгора распоредете половина вишни, врз вишните распоредете половина од филот со сирење, па повторно лонче со суви состојки, па преостанатиот дел од вишни, одозгора преостанатиот дел од филот со сирење и на крај последното лонче со сува смеса.

Одозгора на крај прелијте со прелив од јајца и добро избоцкајте ја целата штрудла со виљушка на секои неколку сантиметри за да може течноста да продре до дното. Оставете 10 минути да отстои.

Печете од 45 до 55 минути во зависност од вашата рерна. Во рецептот пишува 45 минути, но кај мене беше премачку па печев малку подолго за да добие убава боичка како на фотографиите.

Пред да го послужите колачот прво добро изладете го за да можете убаво да го сечете. Овој колач можете да го правите со било кое друго овошје: цреши, праски, сливи…