Со името, но и со изгледот, овој колач потсетува на едно друго јадење, а тоа е јајце на око.
Потребни состојки:
2 јајца
130 г шеќер
1 ванилин шеќер
Рендана кора од портокал и лимон
100 мл масло
100 мл млеко
1 прашок за печиво
150 г брашно
800 г компот од кајсии (или од праски), препорака е помали да се користат
1 пудинг од ванила
350 мл млеко
2 лажици шеќер
100 мл слатка павлака
*искрена препорака – да се удвојат количините за кремот, или да се приготват два пудинзи од ванила, или да се користи изматена хопла со што се добива интензивна бела боја која повеќе одговара на белката од јајцето. Во рецептот не е наведен прелив за торти, можете да ставите бидејќи дава одличен ефект.
*Кората можете да ја направите од 4 јајца, а кремот од 2 пудинзи (да се удвојат и останатите состојки) и на врвот да се прелие безбоен прелив за торти (3 кесички) за да не се исушат кајсиите – во тој случај сите слоеви на колачот се иста висина, и кората и кремот и желето со кајсиите на врвот. Форма: бр.40
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот и ванилин шеќерот. Додадете рендана кора од лимон и портокал, масло и млеко, па добро промешајте.
На крај додадете брашно помешано со прашок за печиво.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 35х45 см или помал, па печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Содржината од пудингот измешајте ја со 2 лажици шеќер и 50 мл млеко, па додадете слатка павлака. Остатокот од млекото сварете го, па во него излејте ја содржината од пудингот и мешајте додека да згусне.
Печениот бисквит оставете да излади, натопете го со сокот од компотот, а потоа врз него излијте го варениот пудинг. Врз топлиот пудинг наредете половинки од кајсија.
Колачот добро изладете го и послужете со шлаг.
Наместо пудинг можете да користите и крем за торти. Вкусен е, мек, лесен, вреди да се направи. Поубаво е со двојна доза за пудинг, од наведениот во оригиналниот рецепт.