Home Десерти Колач без шеќер и без брашно – дијабетски десерт што не го...

Колач без шеќер и без брашно – дијабетски десерт што не го крева шеќерот

И оние што строго внимаваат на внесот на шеќер конечно можат да се засладат – без страв и без отстапување од пропишаната диета.

Овој колач е осмислен токму за лица со дијабетес, инсулинска резистенција или за сите што внимаваат на телесната тежина и квалитетот на исхраната.

Се подготвува од внимателно избрани, нутритивно богати намирници, изобилува со растителни влакна и дава чувство на ситост што трае долго.

И покрај тоа што не содржи шеќер ниту класично брашно, вкусот е пријатно балансиран, свеж и ароматичен – доволно добар дури и за гости и празнични моменти, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки

За колачот:
• 1 јаболко
• ½ лимон (излупен)
• ½ лимон со кора
• 2 јајца
• 1 лажичка прашок за печиво
• 1 лажица стевија
• 1 лажичка чиа семе
• 2 лажици псилиум
• 4 лажици бадеми (мелени како брашно)
• 1 лажица овесни снегулки (мелени во брашно)
• Прстофат ванила
• 1 рака сува брусница (накисната 15 минути)
• 1 рака бадеми (крупно сечкани)
• Маслиново масло (за калапот)
• НМД

👩‍🍳 Начин на подготовка

Исечкајте го јаболкото и ставете го во блендер или сечко. Од лимонот отстранете ја кората со белиот дел и семките, исечете го на коцки и додајте го кај јаболкото. Изблендирајте додека да добиете мазна и изедначена смеса.

Во подлабок сад изматете ги јајцата со жица, па додајте го прашокот за печиво и стевијата. Промешајте и соединете ја смесата со блендираните јаболко и лимон.

Додајте чиа семе, псилиум и мелени бадеми, па убаво промешајте додека да се соединат сите состојки. Потоа додајте ги и мелените овесни снегулки и малку ванила. Покријте ја смесата и оставете да одмори околу 10 минути, додека да набабрат влакната и смесата да се згусне.

Калап со дијаметар од 14 см намастете го со маслиново масло и обложете го со хартија за печење. Распоредете ја смесата рамномерно, а одозгора посипете сечкани бадеми и сува брусница што претходно отстојала 15 минути во вода.

Печете во загреана рерна на 180 °C околу 25 минути, додека колачот да добие убава боја и цврстина.

🍽 Зошто овој колач е добар избор?

• Богат со влакна кои го забавуваат покачувањето на шеќерот во крвта
• Без рафиниран шеќер и без класично брашно
• Погоден за дијабетичари и лица на контролирана исхрана
• Идеален за појадок, ужина или здрав десерт
• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: