Рецепт и видео: Валентина Машковиќ

Ако сте љубител на овошјето и на брзите, едноставни колачи кои се топат во уста, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Не ви е потребна ни вага, ни миксер, и буквално секој може да го направи додека сварите кафе. Величината на чашата не е важна, но важно е да користите иста чаша за мерење. Минимална е чаша од 200 мл.

Потребни состојки:

1 чаша јогурт
1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша гриз
100 г путер растопен
1 прашок за печиво
2 ванилин шеќер
1 лажица густин
400 г овошје по ваша желба
плех 25х15 см
се пече 25-30 минути на 180 степени

Постапка:

Во подлабок сад ставете една чаша брашно, додадете прашок за печиво и една лажица густин, па промешајте. Во мешавината може да додадете една мала кесичка капучино (1 лажица) или нешто по ваш вкус.

Во друг сад ставете една чаша јогурт и 100 г растопен и изладен путер, 2 кесички ванилин шеќер, една чаша кристален шеќер и една чаша гриз. Убаво промешајте за да се растопи шеќерот и да се соединат состојките.

Во оваа смеса започнете постепено да го додавате брашното со прашокот за печиво и капучиното. Мешајте со жица додека да добиете еднолична смеса. Помал плех со димензии приближно 25х15 см малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.

Две третини од смесата излејте во обложениот плех и убаво распоредете. Одозгора наредете 300-400 овошје по ваша желба, па преку овошјето излејте ја третината (преостаната) смеса.

Колачот ставете го во загреанат рерна и печете го околу 25-30 минути. Печениот колач оставете го да излади, па одозгора наросете го со шеќер во прав, а може и да прелиете со чоколадна глазура. Деталите погледнете ги во видеото: