Направете комбинација од кокос коцки и трилече, па направете одличен колач. Трилече е познат колач кој потекнува од латинска Америка, а поради својот фантаcтичен вкус, за кратко време стана популарен ширум светот. Се приготвува од мек бисквит натопен со три различни видови млеко.




Овој колач дополнително е збогатен со кокос и веднаш по објавувањето стана популарен пролетен хит поради едноставната подготовка, но и поради неодоливиот вкус. Досега ви претставивме неколку различни видови за трилече, класични и чоколадни, а овојпат испробајте ја и верзијата со кокос. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 (рецепт и фото: Оливера) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша (од 250 мл) брашно, 100 г кокосово брашно (50 г за тесто и 50 г за посипување), 1/2 мала лажичка сол, 120 г путер/маргарин, 1 супена лажица течен, светол мед, 5 големи јајца, 150 г шеќер (3/4 чаша од 250 мл), 1 кесичка ванилин шеќер. ЗА ПРЕЛИВ: 350 мл кокосово млеко (или обично, евапорирано), 400 мл засладено кондензирано млеко, 473 мл млечна слатка павлака




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: 6 јајца (на собна температура), 360 г шеќер, 350 г сенаменско брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 180 мл топло кокосово млеко. ЗА ФИЛ: 1 конзерва слатко кондензирано млеко (400 г), 250 мл млеко, 180 мл кокосово млеко. За декорација: 80-100 г кокос




ПОСТАПКА за рецепт 1: подгответе калап со димензии 22х13 см, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Путерот претходно омекнат на собна температура пенасто изматете го со постепено додавање на медот, па оставете го настрана.




Во друг сад помешајте брашно, сол, прашок за печиво и кокос (50 г). Во подлабок сад добро изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, сè додека тој да се растопи и да се добие густа смеса со зголемен волумен. Потоа намалете ја брзината на миксерот и постепено додајте ја сувата мешавина.




Матете додека сето да се изедначи и да добиете мазна смеса. Излејте ја во подготвениот калап и ставете да се пече додека да добие златножолта боја (или проверете со чепкалка). Додека се пече колачот измешајте ги трите вида млеко.




Печениот колач избоцкајте го добро со чепкалка и полека прелијте го со млекото додека е сè уште топол. Оставете да го впие млекото и да нарасне. Декорирајте го со шлаг и наросете одозгора со кокос (50 г). Јас мојот колач најпрво го посипав со кокос, а потоа го дедокрирав со шлаг. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: одвојте ги белките од жолчките, па белките изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Потоа додајте ги жолчките (најдобро една по една) и матете со миксерот додека да се изедначи. Во изматените јајца додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и лесно промешајте со жица-маталка.




Сипете и топло кокосово млеко и продолжете со мешање додека да се изедначи. Смесата излејте ја во калап (20х30 см) намастен со путер, протресете за да се израмни, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30-35 минути.




Во посебен сад помешајте ги трите вида млеко (кондензирано, обично и кокосово). Печениот бисквит избоцкајте го со чепкалка за подобро да го прими млекото, а потоа пресечете го на коцки. Постепено и рамномерно залијте го со млекото додека сè уште е топол. Оставете да се олади на собна температура, а потоа уште 3 часа во фрижидер. Одозгора посипете го со кокос. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Класичниот рецепт за трилече можете да го прочитате ОВДЕ.