Лошите мисли привлекуваат лошо здравје.
Состојбата на умот игра важна улога во сите сфери од животот, па дури и кога здравјето е во прашање. Доколку не сте ментално силни, нема да бидете дури ни физички здрави. За да ви биде здравјето на високо ниво, мора да ги контролирате мислите.
Еве на кој начин и какви последици оставаат врз телото и организмот негативните мисли:
ЛУТЕЊЕ
Оваа состојба најмногу влијае врз менталната активност и развива кардиоваскуларни болести. Кога ќе не обземе чувство на бес, мозокот повеќе не може да функционира на вистински начин. Покрај тоа, лутењето ги стега крвните садови, со што го зголемува ризикот од срцеви болести и го зголемува крвниот притисок.
АНКСИОЗНОСТ
Хроничните стравови предизвикуваат дигестивни пречки и го нарушуваат нормалното функционирање на слезината. Во овој случај може да се јави дијареа, повраќање, грчеви во стомакот, болка во градите, како и пореметување на крвниот притисок. Покрај тоа, константната анксиозност предизвикува појава на брчки и прерано стареење.
ТАГА
Овие емоции влијаат врз белите дробови и бронхиите. Се јавува отежнато дишење, кашлица и болка во градите. Постојано задржување на тагата влијае не само врз респираторниот систем, туку и на развој на срцевите болести. Меланхолијата и депресијата ги реметат органите за варење и крвоток. Како резултат на тоа, се јавува опстипација и добивање на вишок килограми.
СТРЕС
Стресот е најголем тригер за болести. Влијае врв нервниот систем, го зголемува ризикот од срцеви заболувања, астма, намален крвен притисок, појава на чир. Покрај тоа, може да се појават несоница, несвестица, замор, главоболка. Постои и опасност по крвните садови и артериите.
Не велат случајно: Како зрачиш, така привлекуваш! Размислете добро дали вреди да се нервирате и за тоа кога нема никаква потреба.