Здраво, јас сум самохрана мајка на две деца и речиси никогаш немам време долго да се задржам во кујната, но секогаш сакам на моите деца да им пружам домашно зготвено. Кога сум „слободна“ во недела обично готвам по неколку јадења за неколку денови однапред, но некогаш едноставно не се постигнува.




Овој оброк од јајца е доста заситен и извонредно вкусен, а за негово приготвување нема да потрошите повеќе од една минута. Многу лесно се приготвува од само три состојки, а сега и моите деца можат сами да го прават. Не можете да погрешите со овој рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 1 чајна лажичка сол или по вкус, 300 мл млеко, 100 г рендан кашкавал по ваш избор (чедар, гауда, ајдамер, моцарела…) и малку путер за да се намасти калапот (помал огноотпорен сад, калап или плех со мали димензии).




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги шесте јајца. Изматете ги со жица-маталка колку да се разбијат и изедначат. Додајте го млекото и продолжете да мешате додека јајцата и млекото се соединат во хомогена течност.




Ситно изрендајте го кашкавалот по ваш избор и додајте го во мешавината од јајца и млеко. Добро натопете го и промешајте го.




Огноотпорниот сад убаво намастете го со путер или маргарин, па во него излејте ја приготвената смеса. Кашкавалот може да се наталожи на едно место, па затоа распоредете го рамномерно во садот.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути или додека убаво да зарумени. Бидејќи јајцата растат при печење, ќе ви се чини дека „питата“ ќе излезе надвор од садот, но без грижи. Ќе се надуе само вертикално, а откако ќе ја извадите од рерната ќе „спласне“. Деталите погледнете во видеото ОВДЕ.