„Можеби не е генерален случај, но кај мене се оствари онаа народната поговорка, дека роднините ги имаме само од корист и ти се јавуваат само кога им требаш. Конкретно многу сум paзочарана од тетка ми и братучетка ми, а ќе ви раскажам и зошто.




Тие секогаш се јавуваат само кога нешто им треба. Тетка ми е многу е поразлична од мајка ми, иако се сестри, иако се одгледани од исти родители. Мајка ми ме има воспитано во традиционален дух и ми има всадено дека секогаш треба да бидам пристојна и љубезна.




Братучетка ми ја гледа мајка ми како странец, и покрај сè што има таа направено за неа. Дури ни нејзините мајка и татко не се имаат гpижено за неа како што тоа го има направено мајка ми. Затоа, за сè си има граници.




Животот те учи на нови нешта, а тие нешта постепено те менуваат. Со мајка ми сме сами, живеевме во ист двор со баба ми и дедо ми додека беа живи, куќите ни беа лепенки. Еднаш дојде братучетка ми на гости со спиење, па и предложив да одиме малку кај баба, да и поправиме друштво, бидејќи е осамена.




Таа се намргоди на мојот предлог и ми рече дека нејзина нога не стапнува таму, оти многу и смрдело на нафталин. Немавме ништо заедничко со неа, немавме за што да разговараме, па ме натера да одиме на шопинг за да пополниме време.




Но, тоа што сме различни не беше причината што ја прекинавме комуникацијата. Сега ќе ви раскажам што ја прели чашата. Кога yмpe баба, решивме да го одбележиме деветтиот ден дома.

Требаше да се пазари и да се подготви храна, да се зготви ручек „за дyша“ и да се спремат мали пакувани „земички“ како што ги нарекува мајка ми, за раздавање после службата.




Мајка ми и се јави на тетка ми и се договорија да ги поделат трошоците, да дојде тетка ми да ја земе мајка ми и заедно да одат на пазарење, а потоа да дојдат кај нас и да се приготви сета таа храна.




Но, ниту тетка ми, ниту братучетка ми не се појавија. Соседот ни помогна да купиме сè што требаше, а тие не ни одговараа на нашите повици. Се јавија дури вечерта со некој беден изговор зошто не можеле да дојдат.




Не помогнаа ни за готвењето. Следниот ден си дојдоа како гостинки, па дури и ни наоѓаа замерки на подготвеното. Тогаш ни се прели чашата. Имало многу вакви слични инциденти низ годините.




Токму тие ни помогнаа да сфатиме дека е подобро да се прекине контактот со таквите роднини отколку да се одржува до недоглед таквата користољубива релација. Сега јас и мајка ми се потпираме само на себе. Тетка ми и братуќетка ми често ни се обраќаат за помош, но ние веќе не им помагаме.“ – читателка на НМД.