Фото и рецепт: Влатко Стојовски
СЕЛСКО МЕСО
Месото се сече на коцки со средна величина, се пропржуваат на тивок оган.
Се додава ситно сечкан кромид кој откако ќе се запржи малку се додаваат печурките.
Се пржи уште некоја минута, па се додаваат две лажички сенф, зачини, сол, церн пипер, буковец, мешан сув зеленчук.
После 3-4 минути се додава кечап, па уште кратко, 2-3 минути се продолжува со пржење.
ПИРЕ
Компирот се вари, па се лупи и сече на парчиња.
Додека е врел се додава малку путер и една шолја млеко.
Се зачинува по вкус и се мати со миксер додека да добие хомогена смеса.
Ако пирето е густо, се додава уште малку млеко додека се добие саканата густина.