Голем број луѓе страдаат од грчеви во нозете кои обично се јавуваат во текот на ноќта. Болката е многу интензивна и може да ве разбуди од сон, а се должи на продолжена неактивност. Тоа обично се случува во долниот дел на нозете, во листовите, а понекогаш и во горниот дел на нозете, на бутовите.

Болката може да трае неколку секунди, а понекогаш и минути. Па дури и кога болката ќе исчезне, остануваат болки во мускулите кои може да траат цела ноќ и следниот ден. И мажите и жените подеднакво можат да страдаат од грчеви во нозете кои се најзачестени во текот на 50-годишна возраст.

Ноќните грчеви и синдромот на немирни нозе (RLS) се случуваат преку ноќ и тоа е единствената сличност помеѓу овие две состојби. Постојат разлики помеѓу грчевите во текот на ноќта и синдромот на немирни нозе, и тоа:

-Кога нозете се движат поради RLS, лицето чувствува како да преживува веќе познато искуство, и при овој случај се препорачува истегнување на ногата. Прочитајте повеќе за синдом на немирни нозе – ОВДЕ.

-RLS не предизвикува болка или грчеви, за разлика од ноќните грчеви.

-RLS предизвикува непријатност во нозете.
-Ако страдате од RLS, вашите нозе се движат, а ноќните грчеви во нозете, го запираат движењето.

Причини и фактори на ризик

Точните причини за ноќни грчеви во нозете се’ уште не се утврдени со сигурност, но потенцијалните причини и фактори на ризик се:

-Претренираност на мускулите на нозете (од претерана физичка активност)
-Долгоговремено стоење на нозе за време на работа
-Долгоговремено седење за време на работа
-Неправилно седење
-Алкохолизам

Здравствените услови, исто така, може да предизвикаат ноќни грчеви во нозете, како што се:

-Бременост
-Дехидрација
-Паркинсонова болест
-Ендокрини нарушувања како што е дијабетесот
-Структурни нарушувања како рамно стапало
-Невромускулни нарушувања

Третман и превенција

Грчевите сепак, се случуваат со причина. Значи, ако причината е дехидрација – решението е да останете хидрирани.

Проверете дали имате доволно калиум или магнезиум во организмот, бидејќи нивниот недостиг може да предизвика грчеви во мускулите.

Пред да си легнете на спиење, направете истегнување на нозете.

Практикувајте вежби под вода, со цел да ги зајакнете мускулите.

Носете ергономски чевли наместо високи потпетици.

Користете тинктура од див костен која докажано го подобрува протокот на крвта во нозете.

Користете топла, релаксирачка бања пред спиење за да ја ослободите мускулната напнатост.

Ставајте топли облоги на погодената област.

Обидете се со акупунктура.

Што да направите кога ќе ве фати грч во ногата?

Ова е многу важно да го знаете, за да си дадете себеси прва помош во случај да добиете ноќни грчеви. Можете да ја ублажите болката во моментот, но и потоа, откако таа ќе помине. Постојат неколку начини со кои можете да си помогнете во тие моменти:

-Испружете ги двете нозе пред вас, како да седите на подот. Потоа свиткајте ги нозете и насочете ги прстите кон колената.

-Станете полека и свртете се малку на страна, протресете ги нозете за да ја зголемите циркулацијата.

-Нежно протријте со кружни движења.

-Нанесете лажица сенф за да ја ублажите непријатноста.