Не станува збор секогаш за воспаление на мочниот меур и не можете секогаш да бидете сигурни кога вашата урина ќе замириса нешто посилно од вообичаено. Може да биде нешто безопасно, од храна на пример, но може да биде знак и за некоја полова болест или потешка инфекција.
Урината е светложолтеникава течност преку која организмот се ослободува од повеќето штетни материи. Истовремено се ослободува и од вишокот течности кои се насобрале во ткивата.
Материите кои се внеле во организмот и не се апсорбирале, односно не се искористиле, се излачуваат, во вид на екскремент преку цревата, а течностите, преку филтрираната крв низ бубрезите, во вид урина, и преку перспирација (потење).
Еве што може да значи непријатниот мирис:
АКО СТЕ ДЕХИДРИРАНИ
Многу едноставно: Ако пиете доволно вода, урината ќе ви биде со бледожолтеникава боја и ќе мириса обично. Доколку телото е дехидрирано, односно не сте внеле доволно течност во организмот, тогаш урината станува темна и смрдлива. Тоа се случува, бидејќи во неа има преголема концентрација на уреата, која не е разредена со вода.
АКО СТЕ ИЗЕЛЕ НЕШТО ОД ОВА
Дали некогаш сте забележале дека урината после консумирање на аспарагус мириса некако специфично? Имено после јадење на аспарагус, лук, семе од толчник, прокељ, намирници богати со протеини и кари, очекувајте поинаков мирис на урина.
Ако сте испиле премногу кафе
Кафето содржи една посебна компонента добиена со пржење на зрното, која во мала количина останува во нашиот организам. Но, ако сте испиле премногу кафе, а премалку вода, таа ќе остане до дигестивниот тракт, во значително поголема концентрација. И затоа урината ќе ви мириса непријатно.
АКО ИМАТЕ ВОСПАЛЕНИЕ
Слаткиот мирис на амонијак проследен со честа потреба за празнење, како и темната боја на урината, често е знак дека треба да посетите лекар бидејќи имате воспаление на уринарниот тракт.
АКО СТЕ ПОЧНАЛЕ ДА ПИЕТЕ ЛЕКОВИ
Антибиотиците со кои во организмот се зголемува концентрацијата на габички, може да доведат до нешто посмрделив мирис на урината. Но, главно поминува по завршувањето на терапијата, додека кај жените може да предизвика габични инфекции во вагиналното подрачје.
Посебен мирис може да дадат и мултивитамините, а доколку се преполни со витамините од Б групата, тогаш бојата на вашата урина ќе биде малку неонска.
ИМАТЕ ПОЛОВА БОЛЕСТ
Урината која мириса на амонијак, би можело да биде знак за Trichomonas vaginalis, кламидија или гонореја. Во секој случај, мора да посетите лекар за да може навремено да се третира со соодветни лекарства.