КОГА ЌЕ ЈА ПРОБАТЕ ОВАА ПИТА – ЌЕ ЗАБОРАВИТЕ НА ГИБАНИЦАТА! Буквално на секој залак крцка и потпукнува…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г ситно сирење
4 јајца
80 мл масло
400 г кисело млеко
1 супена лажица брашно
10 г прашок за печиво
500 г готови кори
За полевање:
100 мл растопен путер
2 јајца
200 мл млеко
калап 30 см
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад изматете ги јајцата со маслото и киселото млеко додека да се изедначи.
Потоа додајте ги помешани брашното и прашокот за печиво, па повторно изедначите. И на крај додајте го ситното сирење.
Тепсијата намастете ја и ставете една кора на дното и распоредете фил.
Поклопете со втора кора и продолжете ја постапката на наизменично редење кора-фил и најгоре завршете со кора. Оставете ја настрана питата неколку минути за да омекне и да го впие филот.
Во подлабок сад изматете ги двете јајца со чаша млеко. Питата исечете ја на коцки и залијте ја со 100 мл растопен путер, а потоа и со течната мешавина од јајца и млеко.
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Ставете ја да се пече во врела рерна приближно еден час или додека убаво да зарумени. Оставете ја питата да се подизлади во подотворена рерна. Деталите погледнете ги ОВДЕ.