КНЕДЛИ СО СЛИВИ попарени во густо растопен шеќер – старински рецепт. Рецепт на Најдобри Рецепти-Направи Лесно. Домашни кнедли со сливи, по рецептот на прабаба ми, од оваа количина излегуваат многу вкусни колачиња.




Детален рецепт за кнедли со сливи кои секому успеваат. Направете ги и ќе видите што е задоволство. За подготовка на кнедлите ќе ви бидат потребни следниве состојки: 500 г компир, прстофат сол, 300 г брашно, 2 јајца, 300 г презла (може и помалку), 4 лажици кристал шеќер, 150 г маргарин/масло (75 г за тесто и 75 г за презлата), 500 г сливи.




Постапка: Излупете ги компирите и исечете ги на коцки за побрзо да се сварат. Ставете ги во тенџере со вода и гответе ги додека да омекнат. Сливите се мијат под млаз вода и се сечат на половина, па се чистат од семките.




Може да користите цели сливи или да ги пресечете на половина доколку се премногу големи. Јас ги користев цели, им ја извадив семката и повторно ги споив. Доколку се киселки, може да им наросите малку шеќер во внатрешноста, по вкус. Исто така може да додадете и цимет.




Во тавче на средна температура се става 75 г маргарин и се чека додека да се растопи. Потоа се додава презлата и со константно мешање гответе додека да зарумени. Намалете ја температурата на ринглата кога ќе ја додадете презлата.




Важно е шеќерот да го додадете на крај за да не карамелизира. Презлата треба да добие убава темна боја, а потоа се додава шеќерот и по желба може да додадете половина лажичка цимет и ванилин шеќер. Смесата се трга настрана да се олади, бидејќи ќе ви биде потребна на крајот од подготвувањето на кнедлите.




Варените компири се процедуваат од водата и се пасираат како пире. Се додава сол и преостанатиот маргарин и се меша додека да се растопи. Важно е убаво да ја испасирате смесата да нема останати грутки од компирот.




Пирето се остава да се олади, а потоа во него се додаваат двете јајца и убаво се соединуваат. Постепено се додава брашното и смесата се меша со лажица. Кога ќе почне да се формира тесто, преминете на рачно замесување на тестото.




Додавајте брашно по потреба додека формирате нелеплива смеса под прсти. Сепак тестото треба да остане меко, а не да го премесите ептен тврдо. Кашестото тесто вратете го во садот, и во тенџере ставете 1,5 литри вода, додајте малку масло и уште 2 лажички шеќер, па оставете да зоврие.




Со лажица црпите од смесата и притоа рацете ги подмачкувате со масло и формирате топче. Потоа топчето го спласнувате како потенок круг, на средина ја ставате сливата и ги спојувате краевите на тестото. Обликувате убаво топче низ намастените раце. Наместо масло, на рацете може да ставите и вода пред секое црпење со лажицата од тестото.




Формираното топче веднаш го спуштате во врелата вода за тестото да не спласне. Потоа веднаш преминувате на формирање ново топче и се така додека да ја потрошите смесата.

Со дрвена лажица подигајте ги кнедлите од дното за да не се залепат, а кога ќе се кренат на површина, оставате да се готват уште 5-6 минути па вадете ги со решеткаста лажица и валкајте ги во презлата која претходно ја пропржувавте со маргаринот и шеќерот. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.