Киш Лорен е вид француска пита која многу наликува на италијанската пица, но се разликува во тестото. Тоа е ровко, се прави само од путер, брашно и вода или млеко и не содржи квасец ниту прашок за печиво, а сепак е меко.
Може да се приготвува на милион различни начини и да се филува по вкус, а ова е еден од основните рецепти. Одлично е за појадок, ручек или вечера, односно секогаш кога немате многу време за месење. Многу е вкусно и сите ќе ги воодушеви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 200 г брашно, 100 г омекнат путер, 1 прстофат сол, 1 чаша вода или млеко (200 мл). ЗА ФИЛ: 3 јајца, 200 г суво месо или шунка, 100 г рендан кашкавал, 200 мл неутрална павлака за готвење, малку мелено мускатно оревче и црн пипер по вкус
ПОСТАПКА: Во подлабок сад просејте го брашното, па во средината направете вдлабнување и таму сипете сол и омекнатиот путер. Постепено започнете да го замесувате путерот со брашното додека да добиете „лепливи трошки“.
Започнете постепено да додавате млака вода или млеко и месете додека да добиете хомогена смеса. Добиеното тесто обликувајте го во топка и завиткајте го во проѕирна-стреч фолија или кеса.
Оставете го да се одмори во фрижидер најмалку половина час или колку имате време. Потоа истресете го врз набрашнета работна поврпина, сплескајте го малку со дланките да добиете диск, па со помош на оклагија развлечете 1-2 см поголемо од калапот во кој ќе го печете (24 см или приближно).
Внимателно кората пренесете ја во калапот, обложете ги ѕидовите со тестото, па на повеќе места избоцкајте го со виљушка. Ова ќе помогне подобро да се испече и да не се крши при сечењето.
ЗА ФИЛ: Најпрво исечете го сувото месо на коцкички (ако немате суво месо, употребете какво било сувомесното или шунка) и пропжете го во тава на малку масло, колку да зарумени и убаво да замириса.
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте ја течната павлака за готвење. Посолете и зачинете со мелен црн пипер и мускатно оревче по желба. Распоредете го прженото суво месо врз тестото во калапот и лесно притиснете ги коцкичките да навлезат.
Одозгора излејте ја смесата од јајца и течна павлака, а потоа сипете го ренданиот кашкавал. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно половина час. Послужете топло со зелена салата. / receрti.сom