Една моја стара пријателка ми го откри овој рецепт за кипарски шници, веднаш ги подготвив и бев воодушевена од вкусот, а многу им се допаднаа и на домашните. Ретко кој го знае овој рецепт, затоа таа го нарекува „тајниот рецепт“, но јас со задоволство сакам да го споделам со вас бидејќи јадењето е навистина врв.




Мојата пријателка вели дека сите состојки постојано ги имате дома, а не ви треба ни многу месо за да се најадете сите домашни. Од само 250 г месо ќе ги направите најубавите шницли кои исто така се и многу здрави, зашто се домашни. Пробајте го овој рецепт за кипарски шницли, а како прилог може да го послужите со пире, ориз или варен зеленчук. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2-3 компири (околу 500 г), 2 главици кромид, 250-300 г мелено месо, 150 г лебни трошки, 1 кесичка прашок за печиво, сол, црн пипер, сув зачин (вегета, слатка зачинска црвена пиперка, 2 јајца, 200 мл газирана вода. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г пилешко филе, 750-800 г компир, сув зачин, црн пипер, 2 јајца, 200 мл кисела павлака, 50 мл масло и 20 г путер.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Компирите измијте ги и излупете ги. Изрендајте ги на ситната страна од рендето. Ставете ги компирите во еден подлабок сад и додајте прстофат сол, па промешајте со рака и оставите настрана. Во еден друг сад, ставете 2 мали главици црвен кромид, кои сте ги исечкале претходно на ситно.




Во кромидот додајте го меленото месо. Јас обично ставам од 250-300 г, ако сум купила само 300 г ставам сѐ за да не ми останува. Додајте една кесичка прашок за печиво, потоа двете јајца, црн пипер, сол, црвена зачинска пиперка, вегета и лебните трошки, отприлика 5-7 лажици. Јас ставам и малку лута зачинска пиперка. Соединете.




Процедете го компирот од вишокот вода и сѐ измешајте како да месите тесто. Соединетата смеса прелијте ја со 200 мл газирана вода, па повторно измешајте со лажица и оставете во фрижидер да отстои околу 1 час. По изминатото време, ќе забележите дека смесата изгледа погуста и надојдена од прашокот за печиво.




Загрејте едно тавче на рингла со малку масло, па со лажица која ќе ја користите како мерка, црпете од смесата, па со водени раце обликувајте ги шницлите и спуштајте ги во загреното масло да се пржат, додека да заруменат. Шницлите се пржат од двете страни по неколку минути. Кога ќе фатат коричка на првата страна се вртат на другата страна, по 2-3 минути.




По пржењето, шницлите се редат на овал, обложен со хартија за да се впие вишокот масло, па се послужуваат топли. ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Компирот излупете го, измијте го и исечкајте го на тенки плочки со дебелина од половина сантиметар. Посолете ги малку и наросете со сув зачин и црн пипер во прав. Пилешкото месо исто така, исечете го на тенки шницли и зачинете ги со сол, сув зачин и црн пипер.

ВТОР РЕЦЕПТ




Огноотпорниот сад или некој друг пекач, намастете го со путер. На дното рамномерно наредете зачинет компир и наросете го со малку масло. Преку компирот наредете ги пилешките шницли, а потоа садот покријте го со капак или алуминиумска фолија.




Ставете да се пече околу 35 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Потоа садот извадете го од рерна. Тргнете ја фолијата или капакот. Изматете ги јајцата со павлаката и со тоа прелијте го јадењето. Вратете го во рерна без капак да се допече уште 15-тина минути на температура од 180 степени, додека убаво да зарумени. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.