КИНЕЗЕРИ ЌОФТИЊА…Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња..Еве што ви е потребно за да ги приготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г мелено месо
4 јајца
50 мл сончогледово масло за готвење
250 г брашно
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
50 г лебни трошки (презла)
280 мл вода, мелен црн пипер
сол и сув зеленчуков зачин (вегета) по вкус
масло за пржење

ПОСТАПКА:

Меленото месо помешајте го со јајцата и маслото, па постепено додајте го брашното помешано со прашокот за печиво.

Потоа додајте ги лебните трошки и водата. Зачинете по вкус и смесата која е полутечна оставете ја неколку часа во фрижидер или преку цела ноќ.

Со намастено лажиче црпнувајте од смесата и пржете во умерено загреано масло. Кинезерите вадете ги со решеткава лажица. Постапката погледнете ја ОВДЕ.