Во фармацијата „Панацеа“ значи „лек за сите болести“. Токму за таков се смета црниот ким (црно семе). Многубројни истражувања откриле дека токму ова семе има исклучително лековити својства и делува директно врз подобрување на имунолошкиот систем. / Фотографии на Рената Трајчевска
Семето од црн ким особено добро се покажало во лекувањето на алергии, кожни болести, егземи, дерматитис, псоријаза, но и како превентивна заштита од различни болести, и како дополнителна терапија при лекувањето на различни хронични заболувања. Помеѓу останатото се користи за лекување на хронична кашлица и бронхитис, астма, висок притисок, дијабетес, б олести на желудникот, лоша циркулација и др.
Ослабениот имунитет може да се препознае по неколку карактеристични симптоми како што се : чести инфекции и воспаленија, исцрпеност и замор, чести главоболки, малаксаност, промени во pacположението и слично.
Смесата од мед и црн ким е природен антибиотик кој го зајакнува имулошкиот систем. Еден здрав и силен имунитет значи основен предуслов за здравје на човекот, како и д олг и квалитетен ж ивот.
Затоа, редовното користење на оваа природна, лековита смеса не само во акутни и хронични состојби, туку и како секојдневна превентива, е најмалку што можете да направите за своето здравје.
Медот со црн ким дава извонредни резултати во лекувањето на алергиите бидејќи има својство на антихистаминик (го намалува и ели-минира дејството на хистаминот кој се создава при алергиски реакции).
Со редовно користење на оваа смеса доаѓа до значително намалување на симптомите, па дури и до целосно излекување. Третманот за алергии најдобро е да се започне неколку месеци пред периодот на цветање на поединечните растенија за да може телото да се подготви за сезоната на високи концентpaции на полен во воздухот.
РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г семе од црн ким и 1 тегла мед. ПОСТАПКА: Семето се меле и се меша со медот. Потребно е добро да се промеша за дојде до изедначување. Хомогената, изедначена смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Подгответе количина каква што ви одговара, но запазете го соодносот. медот го ублажува горчливиот вкус на семето. За превенција, секое утро се зема по една лажичка мед, на гладно. Кај некои поголеми проблеми, како на пример алергија, се земаат од 3 до 5 лажички дневно.
Ефектите не се забележуваат веднаш. Доколку се навикнете на вкусот, можете да приготвите и според следниот сооднос: 1 лажичка мелен црн ким со 2 лажички мед. Или пак, 200 г мед со 3-4 супени лажици мелено семе. Вие пригответе како вам најмногу ви одговара, а може да додадете и малку поленов прав.
Смесата можете така да ја јадете, со растопување во уста, или пак, да ја мешате во чаша млака вода. Ист ефект се добива и доколку во чаша млака вода додадете една лажичка масло од црн ким и една лажичка мед. Се промешува и се пие на глано, најдобро наутро.