За овие ситни колачи потребно ви е само малку време и неколку едноставни состојки кои речиси сите ги имаме во кујна. Сникерс колачот се приготвува за 15 минути, а потоа треба само да се остави малку да се стегне, па да се исече на штанлички, коцки или триаголничиња.
![]()
![]()
![]()
![]()

Иако делува како скапите колачи од еминентните слаткарници, сепак овој колач се приготвува во домашни услови, многу лесно и брзо. Потребно ви е само да набавите готови розен кори кои можат да се најдат во сите подобро снабдени продавници. Пробајте, сигурно ќе бидете задоволни. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити (плазма или по ваш избор), 150 г печени/тостирани несолени кикирики (лупени), 100 г несолен путер или маргарин, 50 г чоколадо по избор, 150 г кристал шеќер, 200 г путер од кикирики, 300 мл млеко и 4 листови розен кори. За глазура 100 г чоколадо + 50 г путер/маргарин
![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА: Во едно широко и длабоко тенџере сипете го млекото, додајте 150 г шеќер, 50 г црно чоколадо искршено на коцки (или чоколадни капки), путерот исечен на коцки и на крај путерот од кикирики (овој путер го дава оригиналниот вкус на сникерс кремот).

![]()
![]()
![]()
![]()
Тенџерето ставете го на рингла да се загрева на умерена температура, па штом забележите дека состојките започнуваат да се растопуваат, намалете ја температурата уште малку, доколку сметате дека ви е превисока.

![]()
![]()
![]()
![]()
За сето време мешајте за да не „потфати“ на дното и да не ви загори. Состојките не е потребно само да се растопат, туку мешавината треба и малку да се вари, колку да згусне нешто поретко од пудинг.





Од моментот на зовривање варете ја мешавината 2-3 минути, па кога ќе спласне пената и ќе се појават крупни меури, тоа би требало да ви биде показател дека смесата почнала да згуснува. Тенџерето тргнете го настрана сосем малку да подизлади.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа прелијте ги мнелените бисквити и додајте крупно сечкани кикирки. Од вкупната количина од кикирките, во мешавината додајте половина, а остатокот сочувајте го за декорација, за посипување врз глазурата.

![]()
![]()
![]()
![]()

Мешавината оставете ја настрана да се олади, односно да стане млака, па започнете со филување на корите. Врз подлога ставете кора и распоредете рамномерно фил преку целата површина, поклопете со друга кора и повторете ја постапката до крај. Одозгора поставете некој терет и оставете го еден час во фрижидер да се стегне.

Потоа прелијте го со чоколадна глазура (растопено чоколадо со малку путер) и наросете ситно сечкани кикирики. Оставете повторно да се стегне глазурата, најдобро во фрижидер до следниот ден, па сечете на штанглички и послужете. Рецептот на Ивана и нејзината презентација погледнете ја ОВДЕ.































