Брзи, вкусни, подобри од купечките!
Потребни состојки:
100 мл јогурт
100 мл кисела павлака
100 мл млеко
100 мл масло
2 јајца
2 лажички шеќер
40 г свеж квасец
малку сол
700 г брашно +-
За фил:
250 г путер/маргарин
200 г + 200 г ситно сирење
200 г салама
1 белка
Постапка:
Павлаката, јогуртот и млекото малку замлачете ги, додадете шеќер и квасец и уште 4 мали лажички брашно.
Кога ќе се активира, додадете ги другите состојки, замесете тесто и оставете на топло место за да се удвои.
Потоа развлечете една голема кора, преку неа изрендајте еден ладен маргарин и наросете 200 г ситно сирење.
Свиткајте во ролат кој треба да отстои половина час, па повторно се развлекува голем правоаголник кој се сече на пет ленти.
Во цик-цак се сечат лентите за да се добијат тријаголници. Се филуваат со 200 г сирење и салама сечкана на коцки.
Се премачкуваат со жолчка.
Можете да ги замрзнете па да ги вадите и печете по потреба.
Печете ги додека да добијат убава боја на 180-200 степени, во зависност од вашата рерна.
recepti.com