Фото и рецепт: Даница Данче Стојева
Нашата драга членка и почитувана читателка на НДМ Данче Стојева ни го откри рецептот и постапката за приготвување на овие феноменални кифли.
Потребни состојки: 1 кг брашно, 500 мл млако млеко, 1,5 лажица сол, 1 лажица шеќер, 150 мл масло, 1 коцка свеж квасец, 3 јајца од кои 2 жолчки се за мачкање, сусам за наросување, путер или маргарин за врз кифличките пред печење
Постапка: Во млакото млеко растворете го квасецот со една лажица шеќер и малку брашно. Убаво промешајте и оставете да се активира квасецот околу 10-15 минути. Потоа додадете ги останатите состојки и замесете мазно, помеко тесто кое не се лепи на раце.
Тестото удрете го 10-тина пати од работната маса, па формираната топка оставете ја на топло за да се удвои, приближно околу 45 минути. Од стасаното тесто се формираат мали топчиња кои се развлекуваат на намастена површина во овални, долги, тенки кори. Се засекуваат од едната страна (види фото) и свиткајте во кифли.
Вака наредените кифли редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги 15-тина минути да одморат. Премачкајте ги со јајце, наросете ги со сусам и одозгора ставете парче путер/маргарин (види фото).
Се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени или според вашата рерна. Печените кифли се покриваат со пешкир или памучна крпа додека да изладат.
Фото и рецепт: Даница Данче Стојева