Фото и рецепт: Dusica Cavdarovska

Кифли замесени со павлака

Потребни состојки:

550 -600 г брашно

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

10 мл масло

1 кисела павлака околу 200 – 250 мл

1/2 свеж квасец

Малку млако млеко

Постапка:

Квасецот со млако млеко, пола лажиче шеќер и 2-3 лажички брашно треба да се остави на топло да се активира и да надојде. 

Во сад се меша брашното, печивото, солта, масло за јадење, надојдениот квасец, павлаката и по потреба малку вода или млеко. 

Кога е добро месено тестото се дели се на половина, додека да добиете 32 топчиња. 

Се расукуваат и се виткаат во вид на кифла. Се премачкуваат со матена жолчка и сусам. 

Се чека да се удвојат. 

Се печат на 190-180 °C околу 10 до 15 мин. Откако ги вадам од рерна ги премачкувам со малку масло за јадење.

Фото и рецепт: Dusica Cavdarovska

Од Македонска кујна, некогаш и денес